МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

4 јануари 2021

4 јануари 2021

Куманово – Средното стручно училиште „Наце Буѓони“ од Куманово набави училишен мебел за кабинетска настава, соопштија денеска надлежните од училиштето. Мебелот кој не е обновен повеќе од триесет години е распределен по училници и кабинети и во централната зграда и зградата каде настава следат ученици на албански наставен јазик.

– Одвоивме 506.220 денари со вклучен ДДВ за набавка на мебел потребен за чување на опрема. Ова е стручно училиште и речиси целосно наставата се одвива во кабинети и училници кои целосно се опремени како кабинети, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

Гевгелија  – По повод новогодишните и божикните празници, дојранскиот градоначалник Анго Ангов, донираше таблети за следење на онлајн настава на ученици за кои од училиштата му било алармирано дека немаат услови за следење на наставата од дома.

Од Општината Дојран велат дека градоначалникот Ангов со сопствени средства купил пет таблети со цел на учениците, на кои им биле неопходни, да им обезбеди услови во иднина полесно да ја следат наставата и успешно да го совладаат наставниот материјал од редовниот образовен процес.

Кочани – Основните училишта „Раде Кратовче“ и „Малина Попиванова“ од Кочани добија донација од по 15 инвертер климатизери со различна моќност, како дел од државната Програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

Претходно Општина Кочани поднесе апликација, согласно јавниот повик на Генералниот секретаријат на Владата на РС Македонија, за избор и рангирање на општините кои ќе бидат корисници на опремата.

Скопје – Општина Аеродром објави меѓународен анонимен конкурс за избор на идејно архитектонско решение за проектирање на управна (општинска) зграда.

Право на учество на конкурсот имаат правни и физички лица од областа на архитектурата, а крајниот рок за предавање на трудовите е 1 март.

Гевгелија – Распишан е меѓународниот тендер за ревитализација на дивата гевгелиска депонија кај Сува река, која ќе се реализира со 420 илјади евра од грчкиот грант кои останаа по изградбата на пречистителната станица во Гевгелија, потврдија денеска од општина Гевгелија.

– Проектот за ревитализација предвидува изградба на уште еден заштитен ѕид на брегот на Сува река, дислокација на отпадот до новата времена депонија кај Ново Конско и хортикултурно преуредување со зелена површина на целиот простор на сегашната дива депонија, велат од надлежната општинска служба.

 

Back to top button
Close
Close