МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

31 декември 2020

Скопје, 31 декември 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 89 возачи во скопската Општина Центар, информираат од МВР.

– На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 89 мерки, од кои пет за нерегистрирани возила, шест за возење без возачка дозвола, две за минување на затворен семафор (црвено светло), осум санкции за користење на мобилен телефон и пет за возење под дејство на алкохол, се наведува во соопштението.

Скопје, 31 декември 2020 (МИА) – Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, младите од малиот групен дом во Козле добија новогодишни пакетчиња и фудбалски топки. Овие подароци беа доделени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и претставници од организацијата „Open fun football schools – Macedonia“.

Како што соопштија од општинат, младите и градоначалникот договориле понатамошна соработка. Предвидени се посети на домот од страна на истакнати личности во заедницата, кои ќе ги мотивираат децата уште повеќе да учат, да создаваат и да веруваат во себе.

Струга, 31 декември 2020  (МИА) – Градот на две води или како што многумина го нарекуваат, градот на мостовите и поезијата, блеска во новогодишно руво. Но, освен накитената елка и украсните сијалички низ градските улици и Плоштадот ништо друго не навестува дека е Нова година. Пандемијата со Ковид 19 го остави градот празен и тивок. Улиците празни, ќе сретнете само некој случаен минувач кој се враќа од работа или пак излегол да испазари, плати сметки или заврри други секојдневни обврски.

Ја нема новогодишната магија во Струга. Кафулињата се речиси празни, а во 18 часот затворени. Во бутиците се среќава по некој купувач, кој излегол да купи нешто за себе или подарок за најблиските. Стружани велат дека новогодишна еуфорија нема. Повеќето што разговаравме рекоа дека за најлудата ноќ ќе останат дома со семејствата, мал дел посочија дека можеби ќе наздрават во најтесен круг со блиски пријатели.

 

Back to top button
Close
Close