МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 декември 2020

28 декември 2020

Битола – Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и градоначалничката на Битола Наташа Петровска потпишаа договор за грант со Општина Битола за изградба на нови, проширување и надградба на постоечки објекти за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.

Според потпишаниот договор, во Битола ќе се гради нова детска градинка со капацитет за 152 деца кои ќе бидат поделени во осум воспитни групи, информира министерката Шахпаска на прес конференција во овој град.

Скопје – Зад нас е уште една тешка година која заеднички успеавме да ја пребродиме. Иако моравме да го намалиме нашето движење, да седиме дома, да ги кратиме нашите трошења, сепак, градот мораше да продолжи да функционира и живее. Светската пандемија на коронавирусот наметна нови приоритети. Успеавме да го реконструираме и прошириме паркингот на Клинички центар и овозможивме услови за поставување на нова монтажна болница. Најдовме сили да и помогнеме на економијата во повеќе сектори, порача денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во новогодишно обраќање.

Делчево – Во Делчево започна реализација на проектот „Обележување и изработка на различни информативни и едукативни содржани за природните реткости Стамер, Ѕвегор и Киселичка Пештера“.

За таа цел, како што информираа од Општината, за гореспоменатите природни реткости во Опшина Делчево, во тек се неколку заштитно-промотивни мерки.

Струмица – Заврши уредувањето на поројот „Крушевска Република“ надвор од урбаниот дел на градот, на потегот од „Транзитниот пат“ до вливот во реката Тркања, и со тоа може да почне покривањето на најголемиот отворен канал во Струмица, објави градоначалникот Коста Јаневски.

-По ова, веќе можеме да го реализираме следниот проект-уредување, односно покривање на дел од поројот во урбаниот дел. Јавниот повик заврши, во тек се законските постапки и рокови вообичаени за вакви повици се до конечниот избор на изведувачот кој ќе го реализира овој голем и значаен проект за нашата општина, додава Јаневски.

Тетово – Советот на општина Тетово на денешната 37-ма седница го усвопи буџетот за 2021 година. Општината ќе има приходи од 1 милијарда 675 милиони 322 илјади 433 денари или 27 милиони 241 илјади 15 евра. Расходите се 1 милијарда 846 милиони 987 илјади 702 денари, а дефицитот ќе изнесува 171 милиони 665 илјади 269 денари.

– Буџетот освен за плати на вработените ќе биде за инфрастуктурни проекти, регулирање други работи од потреба на граѓаните. Секторот за финансии ќе го покрива дефицитот со наплата на даноци од граѓаните и други методи,  изјави Беким Мемети, претседател на Советот на Општина Тетово.

Скопје – Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на општинскиот Совет, Дарио Шимиќ, амбасадорот на Бугарија во земјава, Ангел Ангелов, и неговата сопруга Билјана Ангелова, денеска на учениците од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ им доделија 100 новогодишни пакетчиња.

– Со претпразничниот благороден гест, Општината и Бугарската амбасада многу ги израдуваа дечињата, кои за возврат со изведба на неколку детски новогодишни песнички ги расположија присутните. На учениците им доделивме 100 пакетчиња, од кои 50 беа подарок од Општината и 50 од Амбасадата, информираат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

Гевгелија – Буџетската рамка на Општина Гевгелија за идната година ќе изнесува 479,5 милиони денари, од кои околу 210 милиони денари ќе бидат на основниот буџет, одлучи општинскиот Совет со мнозинство гласови на последната седница.

Оваа буџетска рамка е утврдена врз основа на просечните остварувања во изминативе три години, зголемени за 30 отсто согласно законските ограничувања.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close