МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 декември 2020

25 декември 2020

Штип – Во Кочани вчера е нападнат градежен инспектор додека извршувал увид на лице место. Четириесетгодишниот инспектор Н. Г. вработен во Општина Кочани случајот во Полициската станица Кочани го пријавил вчера во 18 часот.

-Градежниот инспектор пријавил дека околу 15.00 часот вработен како градежен инспектор во Општина Кочани, при извршување службени задачи – контрола на градба на градежен објект на ул. „Стамен Манов“ во Кочани, од страна на сопственикот на градбата Б.Р. (36) бил спречен и му биле упатувани закани, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Крива Паланка – Во Средното општинско училиште “Ѓорче Петров” Крива Паланка започна реконструкција на спортскиот терен што ќе биде обложен со татран подлога.
Проектот се реализира со средства од буџетот на училиштето, а истиот е во висина од околу 7,5 милиони денари.

Гевгелија – Во организација на Општина Гевгелија, денеска почна хуманитарната акција за делење пакети со прехранбени производи и средства за лична хигиена на лицата од социјално ранливите категории од градот.

Според списокот доставен од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Гевгелија, од Општината соопштија дека ќе бидат поделени вкупно 130 хуманитарни пакети од кои 30 се наменети за гевгелиското архиерејско намесништво за ,,Божиќната хуманитарна акција,, што ја организираат црквите „Свети Спас“ и „Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија.

Скопје – Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и Бобан Дамчевски, директор на Дамчевски ДООЕЛ Скопје , главни увозници на германските производи за бебиња HIPP, денеска го пуштија во употреба детското игралиште во објектот „Наум Наумовски – Борче“ на градинката „Кочо Рацин“.

Како што соопшти Општина Центар, употребувани неколку генерации наназад, старите и дотраени детски реквизити се заменети со нови и поквалитетни, со што децата од оваа градинка добија ново забавно, модерно, безбедно и интерактивно катче.

Скопје – Општина Карпош почна со поставување на ново улично јавно осветлување долж улицата „Новопроектирана“ во Криви Дол. Се поставуваат 17 столбови, на кои ќе бидат прикачени ЛЕД – штедливи светилки.

– Локалната самоуправа вложува значителни средства за развој на оваа населба, која порано делуваше отсечено од Карпош. Изминатава година се направи и целосна реконструкција на улицата „Новопроектирана“, со што се зголеми безбедноста и се подобри пристапот за граѓаните кои живеат тука. Исто така, лани направивме и ново детско игралиште, во чија околина се засадија и нови дрвја, зеленило, а се поставија и клупи и корпи за отпадоци, информираат од прес-службата на Општина Карпош.

 

Back to top button
Close
Close