МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 декември 2020

22 декември 2020

Скопје – Општина Илинден работи на асфалтирање на улиците во село Кадино, што беа оштетени при изградба на фекална канализација, во рамки на проектот за реконструкција на улици при изградба на канализации.

-Извршено е асфалтирање на улици во должина од 600 метри, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите улици кои се оштетени при изградбата на фекалната канализација во овој дел на Кадино. На овие улици изградена е фекална канализација која е еден од приоритетните проекти на Општина Илинден, особено во деловите што подлежат на високо ниво на подземни води, како што е овој дел во Кадино, информира Општина Илинден.

Крива Паланка – Завршена е реконструкцијата на оградата во дворот на основното општинско училиште „Илинден” во селото Мождивњак, Крива Паланка, а поставени се и нови врати во дел од објектот.
Висината на инвестицијата изнесува околу 400.000 денари, средства се обезбедени од сопствениот буџет на училиштето.

Скопје – Општина Илинден денеска соопшти дека се работи на асфалтирање на улиците во населено место Кадино, што беа оштетени при изградбата на фекалната канализација.

Извршено е асфалтирање на улици во должина од 600 метри, а во наредниот период ќе се продолжи со реконструкција и на останатите оштетени улици при изградбата на канализацијата.

Скопје – Општина Центар од вчера почна со отстранување на уште една дивоградба, доградба на прво и надградба на второ поткровје на постоечки објект од втора категорија, на улица „Рајко Жинзифов“, спроти Градежниот факултет во Скопје.

-Откако сопственикот/инвеститорот по решение издадено од Општината не ја отстранил незаконски изградената градба, Општина Центар пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците за отстранувањето на градбата во целост паѓаат на товар на сопственикот, се вели во соопштението од Општина Центар.

Гевгелија – Новогодишното украсување на дел од плоштадот во центарот на Гевгелија синоќа заврши со поставување разнобојни сијалички кои го симболизираат ѕвезденото небо.

Канделабрите се, исто така, украсени со новогодишни форми, а на почетокот и крајот на градското шеталиште се поставени две елки за да можат дечињата да се фотографираат со Дедо Мраз.

Скопје – Советот на Град Скопје на денешната 61-ва седница со 28 гласа „за“, 14 воздржани и еден против ја донесе Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и општините во Скопје за заловување на кучиња на подрачјето на главниот град.

Со оваа одлука, како што информира Град Скопје, во насока на обезбедување трајно и квалитетно вршење на дејноста што се однесува на заловување и собирање на бездомните, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, се предвидува секоја од десетте општини во рамки на Град Скопје да издвојуваат сума од 2 милиона денари годишно за реализацијата на оваа дејност од јавен интерес. Додека Градот Скопје ќе учествува со 10 милиони денари.

Back to top button
Close
Close