МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

8 април 2020

8 април 2020

Кичево, 8 април 2020(МИА) – Во Кичево се уште нема заразени од Ковид-19, но се преземаат сите неопходни мерки и континуирано се следи ситуацијата.Општина Кичево ќе и помогне на полицијата со две возила, кои ќе и ги даде за привремена употреба. Координативното тело на Општина Кичево денеска ги посети медицинските контролни пунктови во Здравствениот дом.

Битола, 8 април 2020 (МИА) – Професионалните шивачи вработени во НУ Народен театар-Битола изработија и подарија 300 заштитни маски.

Шивачите од битолскиот театар заштитните маски ги подготвувале неколку денови за како што посочуваат на белите мантили да им го честитаат Светскиот ден на здравствените работници и ги охрабрат во борбата против корона вирусот.

Струмица, 8 април 2020 (МИА) -Од утре, кога е пазарен ден во општинскиот центар Ново Село, повторно ќе биде отворен зелениот пазар, но со рестриктивни мерки за спречување на ширење на коронавирусот, соопштија од општина Ново Село и ЈПКД „Комуна“.

-На пазарот ќе биде дозволено само продавање на храна, односно на земјоделски производи за да можат граѓаните да се снабдат со основните продукти. На продавачите на текстил, облека, обувки и слично им се забранува продавањето на пазарот, стои во известувањето.

 

Back to top button
Close
Close