МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/19 јуни 2019

14:30/19 јуни 2019

Гевгелија – Во пресрет на летната туристичка сезона која на Дојранското Езеро најголем интензитет достигнува кон крајот на јули и почетокот на август, ќе се уредува нова плажа на езерското крајбрежје во Сретеново, Стар Дојран.

Тетово – Протест за работнички права одржаа дел од пожарникарите од Тетовската против пожарна станица со намера да укажат дека има потреба да добиваат плати според законот за пожарникарство. Висината на платите и додатоците за прекувремена смена, работа во викенди и празници бараат да бидат повисоки односно исти како пожарникарите во другите градови.

Гевгелија – Само во текот на изминатиот месец мај, во Општина Гевгелија, биле извршени вкупно 127 интервенции на уличното осветлување, соопшти денеска надлежната служба на последната презентација на алатката Систем 48, којашто од неодамна почна да се организира еднаш месечно.

Македонска Каменица – Во завршна фаза се подготовките за отворање на градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона. Влатко Андоновски, директор на Јавното претпријатие „Камена Река“, кое стопанисува со базенот, соопшти дека годинава за посетителите се воведуваат новини со кои дополнително ќе се подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен.

Скопје – Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта во целост го реконструираа патниот премин на регионалниот пат Куманово – Опаје – Липково кај селото Лопате, кој поради значителната оштетеност беше сериозен проблем за поминување на патничките возила.

Виница – Во општина Виница почна реконструкцијата на делницата до селото Лески од регионалниот патен правец кон Зрновци, при што во рамки на првата фаза се обновува асфалтниот слој во должина од околу два километри.

Скопје – Обвинителен предлог против поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на општина Велес за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ поднесе Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд во Велес.

 

Back to top button
Close
Close