МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 април 2020

7 април 2020

Гевгелија, 7 април 2020 (МИА) – Во општина Богданци, каде до сега нема регистрирано заболени лица од корона вирусот, кризниот штаб на последниот состанок донесе одлука да ги прошири мерките за заштита на населението од внесување и заштита од Ковид-19.

Според донесените заклучоци, согласно препораките на главниот Кризен штаб, советите на станари и станарите во станбените згради добија задолжение редовно да вржат дезинфекција на зградите, да се оградат со лента летниковците на браната „Паљурци“ за да се спречи собирање на поголеми групи луѓе, да продолжи дезинфекцијата на улиците и јавните површини според утврдената динамика и да се воведат дежурни телефони за психолошка подршка на постари лица и на адолесценти.

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Советот на Град Скопје донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за висината на комуналните такси во Град Скопје почнувајќи од 1 јануари 2020 година. Целта, како што соопшти Град Скопје, е да им се помогне на компаниите да ги пребродат нарушувањата предизвикани од коронавирусот.

-Со измените и дополнувањата се врши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката, односно, се врши намалување на комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на таксените обврзници коишто вршат дејност на територијата на 10-те скопски општини, се вели во соопштението.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close