МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

7 април 2020

7 април 2020

Кичево,7 април 2020 (МИА) – Заврши изградбата на два нови кружни тека на улицата „Маршал Тито“, пред џамијата „Бела кула“ во Кичево, на крстосницата на патот кон касaрната „Чеде Филипоски – Даме“ и населбата Пашино, како и еден пред самиот влез во касарната.

Охрид, 7 април 2020 (МИА) – Новопоставенот директор на Општата болница во Охрид, д-р Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети, знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата.

Штип, 7 април 2020 (МИА) – Свети Николе конечно доби нов Генерален урбанистички план(ГУП) информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Советниците на 49 седница на Советот на Општина Свети Николе го донесоа новиот ГУП, кој има опфат од 727 хектaри, а во него е утврдено во кој правец урбанистички ќе се развива градот. Предвидени се нови локации за индивидуални куќи и станбени згради, можност за инвестиции во незагадувачка индустрија , деловни простории, социјална заштита.

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Жителите на село Маркова Сушица во Општина Студеничани утре во периодод од 09:00 do 12:00 часот ќе бидат исклучени од електро – системот на градот Скопје, информираат од РЦУК.

Back to top button
Close
Close