МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 ноември 2020

27 ноември 2020

Охрид – Овластени лица од Државниот инспекторат за животна средина, Градежниот инспекторат од Општина Охрид како и полициска екипа извршиле увид на местото каде неодамна со механизација се интервенираше на самиот брег на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска изјави дека направени се записници од увидот, се чека информација од полиција за идентификација на сторител за да се поднесат соодветни пријави.

Тетово – Општина Тетово нема да употреби финансиски средства од сопствениот буџет околу новогодишното украсување на градот, како и дочек на новогодишната ноќ и тие ќе ги пренамени за другите потреби на градот.

Според претседателот на Советот на општина Тетово Беким Мемети ваквата одлука e направена со оглед на состојбите со пандемијата.

Скопје – Привршува изведбата на сензорната соба за престој на деца со интелектуална попреченост и потешкотии на развојот во матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“ во Општина Центар. Сензорната соба се изведува со помош на грантот добиен од Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP преку проектот „Зајакнување на капацитетите за социјална инклузија на детските градинки на Општина Центар“. Вкупниот буџет на проектот е 1.540.000 денари, од кои 1.400.000 денари се наменети за опрема на трите сензорни соби и 140.000 денари за обука на стручниот и воспитен кадар.

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ при извршениот увид на активностите информирал дека со проектот се опремуваат три сензорни соби, во секоја детска градинка во општината по една соба.

Куманово – Општина Куманово избра компанија за зимско одржување на градот, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности. На распишаниот тендер, избран е најповолен понудувач, компанија од Куманово.

– Годинава, за зимско одржување на улиците одвоени се 10,4 милиони денари. На тендерот е избрана фирмата „Кооп Инженеринг“. Градот како и претходните години е поделен на источна и западна зона. Ќе се чисти по приоритет како и претходните години при снежни врнежи ќе се чистат, првата зона, централното градско подрачје, големите крстосници, улици каде се сместени витални објекти, потоа следува втората зона, ќе се чистат и улиците и населените места по налог, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.

Скопје – Комуналните служби на Општина Аеродром утре ќе изведат акција за чистење на потегот по должината на булевар „Јане Сандански“. Минатата сабота беше изведена акција за чистење на Лисиче.

-Со  целата расположлива механизација на општината и со вклучување на новите машини за чистење, ќе се отстранува комуналниот отпад од јавните површини, што опфаќа метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на депониите.Да придонесеме сите за почист и поубав Аеродром!, информираат од прес-службата на Општина Аеродром.

 

Back to top button
Close
Close