МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

24 ноември 2020

24 ноември 2020

Тетово – Уште неколку апликации за инвертер-клима уреди ќе бидат можни за граѓаните на Тетово со оглед дека предвидените средства за субвенционирана набавка не се во целост потрошени.  Домаќинствата кои се пријавуваа на повикот на општината од 11 август претежно набавувале инвертер-клима уреди со помала вредност од максималниот износ од 62 илјади денари. На тој начин се собираат средства за повторно да има доделување субвенции за граѓаните.

Комисијата се уште не ги има завршено постапките за да види за кој број ќе се повтори повикот за субвенционирано снабдување со инвертер-клима уред. До крајот на оваа недела ќе се знае точно дали ќе има, колку ќе има и како ќе течат постапките. Пред крај е со исплатите за тие што добиле и ќе се прави резиме колку од тие што аплицирале не ги исполниле условите, информира Беким Мемети, претседател на општинскиот Совет.

Кавадарци – Сто кубни метри ризла и 50 тони сол обезбеди службата  за зимско одржување локални патишта и улици во Кавадарци. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Драган Рамов, раководител на Одделението за инспекција при локалната самоуправа.

Тој нагласи дека и оваа година како лани, пракса ќе биде во централното градско подрачје да се фрла само сол. За да има, како што рече, поголема ефикасност, но и да не се затнува атмосферската канализација.

 

Back to top button
Close
Close