МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

30 октомври 2020

30 октомври 2020

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) –  Во пресрет на Деновите на Општина Карпош, денеска започна есенската акција за зголемување на зеленилото во општината. Комуналните служби на локалната самоуправа започнаа со садење на 300 нови ореви, по дворовите на основните училишта и градинките во Карпош. Акцијата започна во дворот на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, како и во градинката „Пролет“ во Козле. Новите дрвја се донација од Факултетот за земјоделство и храна.

Скопје, 30 откомври 2020 (МИА) – Околу 15  производители од различни региони учествуваат на саемската манифестација „Мед и здравје“ што почна денеска во Скопје и ќе трае до недела. Штандовите на кои се нудат мед, најразлични пчелни производи, како и опрема, се поставени на Плоштадот „Македонија“ кај Камениот мост и ќе бидат отворени  од 8 до 20 часот.

Организатор на манифестацијата е Пчеларската федерација на Македонија, а покровител Градот Скопје.

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – Со средства од грант за кој денеска Договор потишаа Министерството за труд и социјална политика и Општина Гостивар ќе се доградува детската градинка „Детска радост“, објект „Цветови“. Со ова ќе се овозможи капацитет и услови за сместување нови 100 дечиња во општината Гостивар.

-Ова говори за нашата посветеност како Влада и Министерство на програмската определба за зголемување на капацитетите за сместување деца од претшколска возраст, бидејќи е многу важен квалтетниот развој на децата во најраната возраст за да имаат успешен влез во образовниот процес и да се градат како квалитетни граѓани, изјави по потпишувањето министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Гевгелија, 30 октомври 2020 (МИА) – По завршувањето на активностите во селото Богородица, механизацијата на јавното комунално претпријатие од Гевгелија се префрла во населените места Прдејци и Смоквица каде продолжува акцијата за партерно и хортикултурно уредување на селските центри.

– Акцијата предвидува садење на нови тревници, инсталирање на ново осветлување, поставување клупи и канти за отпадоци, доуредување на урбаната опрема за деца, садење сезонско цвеќе и оградување на просторите, велат од општина Гевгелија.

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close