МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

29 октомври 2020

29 октомври 2020

Вевчани, 29 октомври 2020 (МИА) – Општина Вевчани со реализација на повеќе инфраструктурни проекти интензивно работи на подобрување на условите за живеење на жителите, истакна денеска градоначалникот Сашо Јанкоски.

Како што информира, во тек е реализација на повеќе проекти меѓу кои се асфалтирање на улици, изградба и реновирање на постоечката канализациска мрежа, изградба на обиколницата…

Скопје, 29 октомври 2020 (МИА) – Општина Карпош денеска соопшти дека спроведува крводарителска акција во пресрет на Денот на Општината – 3 ноември, согласно здравствените протоколи за спречување на ширењето на корона врирусот. Од Општината информираа дека денеска 35 службеници ќе донираат крв.

– Многу наши сограѓани се борат со Ковид-19 и потребна им е крвна плазма од оние кои го прележале вирусот, но на Клиниката има и многу пациенти на кои им се потребни овие „стандардни“ крвни единици, изјави градоначалникот Стефан Богоев.

Струга, 29 октомври 2020 (МИА) – Ќе се прават нов разделник и голем таложник на реката Сатеска кај селото Волино, со цел намалување на наносите од талог што се влеваат во Охридското Езеро.

Владислав Жупан од Општина Струга, одговорен за проектот, информира дека е направено геодетско мерење на старото корито на реката Сатеска да се утврди пропусната моќ и физибилити студија, а се работи на техничка документација за реализација на овој дел од проектот.

Гевгелија, 29 октомври 2020 (МИА) – Покрај активностите што секојдневно се преземаат за справување со пандемијата на Ковид-19, во општина Гевгелија во тек се градежните зафати на улици и тротоари согласно распишаните тендери уште од почетокот на годинава.

Од Општината соопштија дека активностите се финансираат од непотрошените средства за оваа година, наменети за уредување на улици и тротоари на територијата на општината.

Гевгелија,29 октомври 2020(МИА) – Загрижувачката епидемиолошка состојба поради порастот на бројот на заболени пациенти од Ковид-19, како и недоволниот капацитет на сместувачките капацитети за нивен третман, ја натера Општата болница во Гевгелија да преземе активности за преадаптирање на простории кои веќе завршија или се при крај.

-Некогашното одделение за мигранти, каде се врши тестирање на болните со симтоми, се проширува за дополнителни осум кревети, а Невропсихијатриското одделение е адаптирано за пациенти на кои им е потребна деноноќна терапија, рече директорот на болницата Митко Крџев кој истакна дека сега треба тие да се уредат и опремат со неопходни апарати.

Куманово, 29 октомври 2020 (МИА) – Општина Куманово објави оглас за јавна набавка на интерактивни табли и нагледни средства за потребите на основните и средните училишта во Куманово, информираа од Одделението за јавни набавки. Општината планира да одвои 4 милиони и 305 илјади денари без данок на додадена вредност за набавка на оваа опрема потребна за 22 училишта.

Заинтересираните компании можат да се јават на огласот доколку ги исполнуваат општите услови, а ќе треба потврда за регистрирана дејност, потврда дека веќе испорачале најмалку три пати вакви услуги и стоки, од кои еден бил со вредност од милион денари.

 

Струмица, 29 октомври 2020 (МИА) – Општина Ново Село ќе набави возило за мобилна амбуланта за пружање здравствени услуги во населени места кои не можат да ги користат во местото на живеење, соопштија од Општината.

Мобилната амбуланта ќе се набави со средства обезбедени преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“, кој Ново Село го реализира преку програма за прекугранична соработка со Република Грција.

Back to top button
Close
Close