МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

29 октомври 2020

29 октомври 2020

Скопје – Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, денеска официјално ќе го означат почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ вреден 5 милиони евра, кој има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ: солидарност, соработка и „зелен„ пристап.

– Повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ има за цел да ги приближи основните принципи на ЕУ за локална самоуправа и супсидијарност до Северна Македонија. Ова ќе се реализира со општините на ЕУ преку споделување на искуство и знаење со македонските општини за тоа како да се решат локалните проблеми. Развојот на иновативни концепти и употребата на националните ресурси во справувањето со проблемите на локално ниво се охрабруваат во рамките на повикот. Со поддршка на ЕУ, локалните самоуправи ќе ги подобрат комуналните услуги, оттаму, тие ќе бидат подготвени да ги преземат пошироките надлежности, се наведува во соопштението од ЕУ делегацијата.

Скопје – Министерството за образование и наука соопшти дека формираше работна група која развива концепт за целосна и суштинска промена на наставните и дидактичките материјали за основно и за средно образование.

Работната група е составена од претставници од Министерството за образование и наука, Педагошката служба, Бирото за развој на образованието како и претставници од меѓународни институции и граѓанскиот сектор.

Скопје –  Поради технички зафат во дистрибутивна електро  мрежа без електрична енергија  утре ќе бидат повеќе делови на Скопје, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Од 08:30 часот до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Ѓорѓи Пулевски бр. 11 и  ул. Орце Николов бр. 137 и 139, во општина Центар.

Скопје – ЈП Водовод и канализација-Скопје известува дека денеска поради уличен дефект ф-300 мм на „Киро Фетак“ 1/11, без вода ќе бидат дел корисниците на улиците „Киро Фетак“, „Малешевска“, „Славка Динкова“, „Коперникова“ и „Румена Хаџипанзова“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 до завршување со активностите.

Скопје – Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција во изминатите неколку месеци покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. За жал, полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, неправилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

Како што оценуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраѓајот на патиштатата, се чини дека одредена група на учесници во сообраќајот не ги загрижува фактот дека секоја година на улиците и патиштата во Република Северна Македонија околу 150 лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 6000 лица се повредени.

Струмица – Струмичани најмногу сакаат да гледаат театарски претстави и театарски фестивали, потоа да посетуваат изложби во музеите и понуди од галериите и на трето место е посетата на музичките фестивали. До ова сознание е дојдено од истражувањето на културните потреби на град Струмица, кое го реализира Здружението за култура и развој на креативни индустрии „Култ-Транзен“ од Струмица.

– Анкетниот прашалник за истражувањето се спроведе по електронски пат и на него одговорија 100 испитаници од различна возрасна структура. Во првиот дел од прашалникот е опфатена структурата на населението според половата припадност, местото на живеење, возраст и образование за да се види структурата на населението според овие категории, додека во вториот и третиот дел преку анкетата се бара мислење за работата на институциите кои се под капа на општината и државата и нивната понуда. Според половата структура на испитаниците 38,4 отсто се жени, 61,6 отсто се мажи,  објаснуваат од „Култ-Транзен“.

 

Back to top button
Close
Close