МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

28 октомври 2020

28 октомври 2020

Скопје, 28 октомври 2020 (МИА) – Има интензивни контакти на Градот со пожарникарите, а Владата е тука на некој начин да посредува за да се најде соодветно решение за проблемот со пожарникарите, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Тој посочи дека проблемот се провлекува повеќе од 15 години и оти долго време бил игнориран се додека на иницијатива на Министерството за одбрана не почнал да се решава преку зголемување на средствата кои од буџетот на одбрана се префрлени на општините во 2020.

Струмица, 28 октомври 2020 (МИА) – Општина Струмица ја зголемува безбедноста и проточноста во сообраќајот со имплементација на повеќе мерки и опрема, рече на денешната прес-конференција Атанаско Глигоров, советник за сообраќајна инфраструктура во Општината.

Според него, поставени се 150 сферни огледала, 70 светлечки солар маркери,150 гумени флексибилни-флуоросцентни столбичиња, стотина нови сообраќајни знаци и друга сообраќајна опрема.

Кочани, 28 октомври 2020 (МИА) – Општина Кочани годинава ќе додели 30 стипендии во висина од по три илјади денари за студентите кои се запишани на студии од прв циклус на државните високообразовни институции, а за што веќе го објави јавниот конкурс. 

Предвидено е по пет стипендии да добијат студенти од ромската етничка заедница, како и запишаните на факултетите за медицински науки, десет стипендии се за студенти од социјално загрозени семејства, а останатите за студенти кои постигнале висок успех во студирањето. 

Штип, 28 Октомври 2020 (МИА) – Општините, невладините и бизнис секторот учествуваат во изработката на Програмата за развој на Источно планскиот регион. Првата работилница на којашто се утврдуваат кои проекти ќе влезат во програмата, а кои ќе бидат приоритетни се одржува денеска во Штип.

Претседателот на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион, а воедно и в.д градоначалник на Општина Штип денеска беше дел од оваа работилница, на којшто поголем дел од учесниците учествуваа онлајн, поради ковид протоколите.

 

 

Back to top button
Close
Close