МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 октомври 2020

27 октомври 2020

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Дел од корисниците од населбата Пролет лоцирани во билизна на булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „Стив Наумов“ и „Тетовска“ утре од 8:00 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација “ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач со пречник од 200 милиметри на булеварот „Кочо Рацин“.

Делчево, 27 октомври 2020 (МИА) – Без поголеми групирања денес во делчeвското село Селник, продолжи традицијата наречена „Во Селник на Петковден“.  Како дел од христијанските верувања, според кои денес се слави заштитничката „Св.Петка“, во една од најстарите цркви во Пијанечкиот регион која е заштитена од државата, денес верниците единствено можеа да запалат свеќа и да се помолат за свое и за здравје на своите најблиски.

Од црковниот одбор информираа дека традиционалната заедничка трпеза на љубовта, поради рестрикциите за групирања поради Ковид-19 ќе изостане.

Тетово, 27 октомври 2020 (МИА) – Месната заедница, здружението на жители на Луковица и црковниот одбор почнаа иницијатива за изјаснување – анкета на мештаните дали сакаат сами да соберат пари за проектна документација за изградба на асфалтиран пат до селото. Ова се прави бидејќи за да се стигне до Луковица треба да се помине пат од пет и пол километри кој нема асфалт. Има само чакал и песок.  Поради дождовите во есенскиот период, патот уште повеќе се оштетува и е тежок за минување и со теренски возила.

-Општината не дава возила за санација. На 2 октомври на состанок во Општината со градоначалникот на кој беа претстваници на црковен одбор, месна заедница и здружението, тој беше дециден дека нема пари за проектот и дека ако сами го финансираме, Општината потоа ќе аплицира за фондови за асфалтирање, изјави Миле Сибиновски, претседател на месната заедница и Здружението.

Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Не сме задоволни од денешната понуда на градоначалникот Петре Шилегов, кој е три години на функција и имаше време да го среди Законот за пожарникарство и продолжуваме со протест пред Град Скопје, со цел да се реши проблемот со исплатата на надоместот на плата, изјави еден од членовите на иницијативниот одбор, Дејан Исаевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита.

По средбата во дворот на Станицата на противпожарната бригада во Автокамнда, тие најавија дека и денеска, би требало да продолжат со протест пред Град Скопје.

Струмица, 27 октомври 2020 (МИА) – Шеесет возрасни и изнемоштени лица од општините Ново Село и Василево ќе добиваат помош и нега преку Проектот за подобрување на социјални услуги, што ќе го спроведуваат овие општини во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Црвен крст Струмица.

-Со услугата се обезбедува медицинска поддршка, помош при чистење, готвење, хранење, како и купување на производи на тие на кои им е најпотребно. Во наредниот период ќе се обучат 14 негуватели за помош и нега во домот, кои по добивањето на сертификат ќе бидат вклучени во теренски посети кај лица, кои имаат потреба од поддршка. На почетокот на 2021 година веќе ќе почнеме со давање на услугата во домот, иформираше секретарката на струмичкиот Црвен крст, Маријана Тошева.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close