МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 октомври 2020

26 октомври 2020

Кавадарци, 26 октомври 2020 (МИА) – Две групи пензионери во Кавадарци паралелно избираа раководство на пензионерско здружение. Двете групи тврдат дека се легални претставници на пензионерите од Кавадарци и Росоман.

Досегашниот претседател на Извршниот одбор на Здружението на пензионери Ристо Анѓушев за МИА истакна дека на изборите кои ги спровеле „по сите нишани“, тој повторно бил реизбран на таа функција, а за потпретседател бил избран Перо Стојанов.

Кавадарци, 26 октомври 2020 (МИА) – Кавадарчанец на возраст од 71 година почина од коронавирус на клиника, додека петгодишно дете „однесе“ во изолација 14 деца, две негувателки и една воспитувачка во градинка.

Оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Штип, 26 Октомври 2020 (МИА)Жителите на Општина Карбинци на форумска сесија одлучија за кои улици и патишта ќе ги користат средствата од Светска Банка во износ од 669.921 евра, а  наменети за реконструкција на локални патишта. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека од страна на учесниците едногласно се донесе одлука овие средства да бидат искористени за улици по следнава приоритетна листа, почнувајки од првиот приоритет понатаму се до моментот на искористување на средствата.

– На форумската сесија одлучено е прв приоритет да биде реконструкција на локалниот пат од село Таринци  до село Долни Балван со велосипедско – пешачка патека, потоа реконструкција на улица во село Долни Балван во должина од еден километар км, како трет приоритет е реконструкција на улица влез во село Таринци  опфаќајќи го влезот, од мостот на регионалниот пат, вели Насев.

Штип, 26 октомври 2020 (МИА) – Во штипското регионално електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ во тек е реконструкцијата на спортската сала, која беше во очајна состојба, а учениците и наставниците по физичко образование немаа добри услови за одржување на наставата.

Увид во градежните работи денеска извршија в.д. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорот на СОУ „Коле Хентенин“, Дејан Павлов. Реконструкцијата опфаќа замена на под, замена на прозори и ново осветлување на спортската сала во средното училиште Коле Нехтенин.

Македонска Каменица, 26 октомври 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица во тек се интензивни активности за поставување нова линија за фекална канализација на улицата „Даме Груев“. Надлежните информираат дека реализацијата на овој инфраструкурен проект опфаќа должина од 450 метри.

– Во рамки на изградбата на 650 метарската нова градска улица „Даме Груев”, паралелно се работи и на поставување на фекална и атмосферска канализација, во должина од 450 метри. Целта на градежните активности е целосно нејзино спојување со комуналната мрежа до „Миле Јаневски Џингар“, информираа надлежните.

 

 

Back to top button
Close
Close