МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 октомври 2020

26 октомври 2020

Тетово – Културно-уметничкото друштво „Џеладин Зеќири“ од Тетово вчера одржа традиционален есенски годишен концерт. Поради состојбата со коронавирусот публиката имаше можност концертот да го следи на интернет.

Државниот секретар во Министерството за култура на Република Северна Македонија Валмир Азири го отвори традиционалниот есенски концерт на друштвото.

Кавадарци – Физички напад врз малолетничка е пријавен во Кавадарци од страна на нејзина врсничка, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Во саботата во Полициската станица -Кавадарци И.К.(51) пријавил дека претходната вечер околу 22.30 часот на улицата „Илинденска“, неговата четиринаесетгодишна ќерка била физички нападната од нејзина врсничка, појасни Додевски.

Струмица – Општина Радовиш деновиве во населеното место Јаргулица почна изградба на три улици со фекална канализација во вкупна должина од околу 620 метри, информираше градоначалникот Герасим Конзулов.

-Според договорот, изведувачот е должен во рок од шест месеци да ги заврши работите, а целата инвестиција за изградба на трите улици со фекална канализација чини околу шест милиони денари, рече градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.

Тетово – Тетовското архиерејско намесништво упати апел до верниците за семејните слави благословувањето на лебот, виното и пченицата наместо во црква да го прават дома. Воедно препорачаа празнувањето на семејниот заштитник да се одбележи само во најтесниот круг на блиските роднини како начин на заштита од ширење на коронавирусот.

– Секое семејство си има свој заштитник, патрон кој го слави, на кој му се моли и кој го прославува во овој период. Согласно со кризата со короната, често се прашуваат, како во оваа година, како да ги празнуваат славите. Ние како свештенство од тетовското архиерејско намесништво одлучивме славските лебови да ги кршиме по домови, почитувајќи ги препораките за заштита од корнавирусот. Луѓето треба да имаат подготвено леб, пченица, вино и свеќа. Свештениците во одреденото време ќе дојдат до домовите на верниците и ќе ги благословат славските лебови, пченица и вино, истакна отец Александар Стојановски.

Тетово – Изминатава ноќ пријавени се три сообраќајни незгоди кои се случиле поради животни на автопатотот Гостивар-Тетово-Скопје, информираат од СВР Тетово. Во трите инциденти нема повредени луѓе, а причинета е материјална штета на возилата.

-Во периодот од половина час по полноќ до 6 часот и 30 минути, во СВР Тетово пријавени се три сообраќајни незгоди на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Првата во близина на Градечкиот надпатник и бензинска пумпа,  предизвикани од животни, а во кои учествувале патничко возило „бмв“ и два автобуса. Повредени лица нема, а причинета е само материјална штета, соопшти денеска Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Back to top button
Close
Close