МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 октомври 2020

22 октомври 2020

Ресен, 22 октомври 2020 (МИА) – Петнаесет вработени од конфекција за текстил во Ресен се позитивни на коронавирус.

Општинскиот кризен штаб, како што информира денеска за МИА градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски, кој раководи со телото, препорачал затворање на конфекцијата на 10 дена, но препораката не била испочитувана.

Скопје, 22 октомври 2020 (МИА) – Целосно е преуреден јавниот простор долж улицата „Новопроектирана“ во населбата Карпош 3. Станува збор за сообраќајницата која граничи со „Бледски договор“ и булеварот „8 Септември“. Во овој простор засадена е нова тревна површина, нови дрвја и украсни растенија, а поставен е и систем за наводнување.

Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека на овој начин, дополнително се зголемува зелената површина во еден од пофреквентните делови од Карпош, каде се лоцирани повеќе здравствени установи и бројот на возила и граѓани кои минуваат е голем.

Гевгелија, 22 октомври 2020 (МИА) – На потегот од комплексот на ЕЛЕМ до одморалиштето на Црвен крст во Дојран се изведуваат работи за поправка на оштетените делови од крајбрежната рекреативна патека.

Од општината потврдија дека преземените активности се дел од проектот за подобрување на исклучителниот биодиверзитет на Дојранското езеро и имплементација на пристап заснован на екосистеми, кој е финансиран од партнерски фонд за заштита на критични екосистеми (ЦЕПФ).

Back to top button
Close
Close