МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

22 октомври 2020

22 октомври 2020

Велес – Во Велес синоќа беше промовирана стихозбирката „Светлина на зборот“, на македонски и германски, од Соња Таировска-Ѓурчак, поетеса родена во Јасеново кај Извор, Велешко, која 47 години живее и твори во Германија. Оваа е нејзина осма книга со која доби прва награда на конкурсот на „Дата песнопој“ од Битола за едицијата „Книжевни меридијани“. 

Според промоторката Марина Стојанова, иако повеќе години живее и работи во Германија, авторката Таировска-Ѓурчак како и во своите претходни стихозбирки, и во оваа станува гордо и без никаква резерва кон се што е нејзино – домот, семејството, родното место и татковината Македонија.

Крива Паланка – Градежните активности за уредување на простор за младите од Крива Паланка, насловен „Мала европска куќа” се во завршна фаза.
Претставникот од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија, Ентони Робертс и архитект од „КЛ студио”, остварија работна посета на Крива Паланка и извршија увид во градежните активности за реализација на проектот.

Куманово – Општина Куманово ќе обезбеди функционалност на сите органи со кои менаџира, информираше на последната прес-конференција градоначалникот, Максим Димитриевски, во однос на препораката која беше усвоена од Владата, а се однесува на организирање на работно време на администрацијата во смени, онлајн или од дома, редуцирано.

Димитриевски истакна дека на ниво на сектори и одделенија во општината се прави нов план за работа, но овој пат вели, ќе бидат повнимателни во однос на оние административци кои со месеци не одеа на работа, а не можеа да ги вршат работните задачи од дома.

Кичево – Во фоајето на Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечер од 18 часот ќе биде отворена изложбата „Најубавите делови на градот“  на која ќе бидат претставени дела на  кичевските уметници Лулзиме Османи, Бенита Џелили, Мазламе Салиу, Валдета Ибиши и Арбер Садику.

– Пејзажите во Кичево го следат чувството на клаустрофобија што ги карактеризира нашите јавни простори. Ние коегзистираме со убави пејзажи изградени од луѓето, за да биде „зелена сценографија” меѓу зградите и да видиме колку брзо вегетацијата расте во нив, создавајќи свој живот, наведува Маја Николовска-Силјаноска од Центарот за култура.

Куманово – Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) од општина Куманово ја почна изработката на Стратегијата за развој туризмот на општината која ќе има важност до 2024 година, соопштија денеска, надлежните од одделението.

Граѓаните можат да дадат предлози, сугестии и забелешки.

Back to top button
Close
Close