МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 октомври 2020

21 октомври 2020

Струмица, 21 октомври 2020 (МИА) – Со „Тетовирани души“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица ќе ја изведе првата премиера оваа година, беше соопштено денеска на прес-конференција.

Директорот на НУЦК „Антон Панов“, Ванчо Ристов Патриков, информираше дека претставата се подготвува од февруари годинава и поради пандемијата премиерата ќе се одржи утревечер, а вечерва е претпремиерата со почитување на здравствените протоколи за одржување јавни настани.

Струга, 21 октомври 2020 (МИА) – Во Струшката Општа болница речиси целосно е исполнет капацитетот на легла за пациенти позитивни на коронавирусот.

Директорот Мухамед Асани во изјава за МИА појасни дека болницата нема Ковид центар, туку дел од Интерното одделение, кое располага со 30 легла, е преадаптиран за лечење на овие пациенти.

Тетово, 21 октомври 2020 (МИА) – Во најновата контрола на комби возила со кои се врши јавен превоз, тетовската полицијата во текот на вчерашниот ден открила седум нови возачи кои за превезување патници не поседувале лиценци.

– При контролата, реализирана во содејство со Отсекот за економски криминал, откриени и законски санкционирани биле седум возила кои непоседувале вакви лиценци и против нивните сопственици ќе бидат изготвени кривични пријави по член 284 A од Кривичниот законик. Покрај ова, изготвени се и седум поднесоци за незаконско користење фолии, а откриени и санкционирани. Исто така, биле и 16 непрописно, односно погрешно паркирани возила, кои биле подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и други видови сообраќајни прекршоци, информира Марјан Јосифоски,портпарол на СВР Тетово.

Скопје, 21 октомври 2020 (МИА) – Без вода утре од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Св. Кирил и Методиј“,  блок 4, блок 5 и трите кули со бр. 19, 21 и 23, во  општина Центар.

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради дефект на шибер ф 80 мм на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48.

Штип, 21 октомври 2020 (МИА) – Во тешка состојба пристигнуваат пациентите инфицирани со коронавирусот, аламира директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Денеска во регионалниот Ковид центар се хоспитализирани 50 пациенти, од кои речиси половината се на кислородна поддршка.

Ѓеорѓијев вели дека деновиве на одделението пристигнуваат пациенти, кои по приемот во болницата поради тешката состојба, битката со коронавирусот ја губат за само неколку часови.

Back to top button
Close
Close