МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 октомври 2020

21 октомври 2020

Куманово – Екипите на Здравствен дом Куманово почнаа да ја спроведуваат програмата на Министерство за здравство „Здравје за сите“, информираа денеска од јавната здравствена установа. Тимовите организираа акција за жителите од кумановско Ново Село во месната заедница, согласно протоколите за преглед во услови на пандемија. Акцијата е наменета за граѓани од рурални средини и има за цел да овозможи бесплатни прегледи на граѓаните кое вклучува мерење на шеќер во крвта, притисок. Присутните имаат можност да се консултираат со лекарите и да добијат совети за здрав начин на исхрана и во овој момент и совети за заштита од коронавирус.

– Најголем процент од прегледаните се повозрасни жители и кај значителен процент беше утврден зголемен холестерол. Добар дел од нив не се пушачи. Тимовите им препорачаа редовно користење на пропишаната терапија. На оние на кои им беа утврдени одредени состојби се упатуваат за понатамошни прегледи-изјави главна сестра од Зравствен дом, Марина Додевска.

Куманово – Продолжува обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, информираа денеска од секторот за комунални дејности од општината. Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ работат на улиците во поширокото градско подрачје и приградските населби во Куманово.

-Општина Куманово во изминатиот период реализира редовно тековно хоризонтално обележување на јавно прометни површини согласно годишниот план за одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020-та година. Досега, реализирано е обележување на сообраќајници во поширок опфат на централното градско подрачје со акцент на обележување на пешачките премини во непосредна близина на сите образовни институции, здравствени установи и институции на подрачје на Општина Куманово-изјави Бојан Петковски од општина Куманово.

Дeлчево – Заврши инсталацијата на нова линија за улично осветлување на излезот од Делчево. Надлежните информираа дека станува збор за линија долга околу 1 километар која почнува од населбата Расадник, за што Општината инвестирала во броило, канделабри и нова линија.
-Новата линија која се протега од населбата Расадник до гробиштата во Делчево е само една од инвестициите во ново улично осветлување во градот и селата, која се реализира интензивно последниве три години. Целта е да се подобрат условите за живот и безбедноста на граѓаните, градот и населените места да бидат соодветно осветлени, но и законска обврска на општината која се сервисира редовно, информираа надлежните. Претходно, нови линии за улично осветлување добија Димовско Маало во селото Драмче и уште неколку села во Делчевско.

Битола – Советот на Општина Битола ја утврди програмата за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола во претстојната сезона.

Од општинскиот Совет информираа дека програмата има за цел да предвиди активности за ефикасно организирање и функционирање на зимската служба на Општина Битола преку одредување на обемот на работите и нивото на чистењето на снегот и голомразицата од коловозните површини, дефинирање на работите и обврските на сите учесници одговорни за нејзината реализација, определување на потребната механизација, опрема, материјали и работна сила и определување на потребните финансиски средства.

Кавадарци – Кавадарчани да внимаваат каде истураат комиње, засега против неодговорните се спроведуваат само опомени, но ќе следуваат и санкции за несовесните, ако продолжи несоодветното третирање на отпадот при печење на ракија. Ова е ставот што го искажаа надлежните општински служби за МИА, околу проблемот со ослободувањето од комињето кој го создаваат поединци.

– Имаат реагирано и граѓани, но и од комуналното претпријатие. Несовесни истураат комиње или до контејнери, или во контејнери со зафатнина од еден кубен метар, иако на неколку локации се поставени поголеми контејнери со зафатнина од 5 кубни метри, во кои се препорачува да се истура комињето. Исфрлањето на комиње директно на депонијата е бесплатно, појаснија од Општината.

Тетово – Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 Октомври неделава беше одбележан и од Општинската организација на Црвениот крст во Тетово. По тој повод волонтерите на организацијата одржаа работилница.

-По повод Европскиот ден на борба против трговија со луѓе, а имајќи ги предвид предзвиците кои произлегуваат од КОВИД – 19, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Тетово и оваа година се организираше  работилница за превенција од трговија со луѓе. Целна група беа младите лица кои се запознаа како да препознаваат и да спречат можни елементи на трговија со луѓе, која во различни форми е се поприсутна и во нашето општеството, информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.

Берово – Трансферите за социјална помош во општина Берово се зголемени за 20 пати во последните три години. Ова, како што информираа надлежните, е резултат на големиот број реализирани проекти во сферата на социјална заштита од 2017 година до денес чиј краен резултат според нив е враќање на парите кај граѓаните.
Во овој период исплатени се по 5.000 денари за секое новородено дете на територијата на општина Берово, по 2.000 денари за секое прваче запишано во основните училишта и 2.000 денари за секој ученик во прва година средно образование. Обезбедени се и стипендии за талентирани ученици од средното образование.

Back to top button
Close
Close