МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 октомври 2020

20 октомври 2020

Скопје, 20 октомври 2020 (МИА) – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на неговиот официјален фејсбук-профил објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“, при што истакнува дека е извршеба целосна реконструкција и создаден модерен стационар по најнови европски стандарди.

– Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња. Извршивме целосна реконструкција, создавајќи модерен стационар по најнови европски стандарди. Затоа што веруваме дека работите секогаш може да ги направиме подобри, наведе Шилегов на Фејсбук.

Демир Капија, 20 октомври 2020 (МИА) – На општина Демир Капија и се доделени неповратни средства од Владата преку заемот на Светска Банка за проектот за поврзување на локалните патишта во висина од 626.175,00 евра без ДДВ, информираа од демиркаписката локална самоуправа.
-Се работи меѓу другото за санација на соодветни должини на четири локални улици и тоа „11 Октомври“, „8-ми Март“, „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, соопштија од Општината, осврнувајќи се и на должините на улиците кои ќе бидат санирани. Главните активности ќе вклучуваат обележување и обезбедување на трасата на локацијата на проектот, механичко сечење на асфалтот на оштетените делови и транспорт до депонија,  поставување на тампонски слој од кршен камен, изградба на нов придружник, поставување на асфалтен слој, појаснија од општината Демир Капија.

Штип, 20 октомври 2020 (МИА) – Членовите на Општинската изборна комисија-Штип почнаа со работа, за да го спроведат изборот на градоначалник на Општина Штип. Вонредните избори за градоначалник на Штип се закажани на 13 декември, а вториот круг е на 27 декември. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека до петок партиите треба да достават листа на членови, кои ќе бидат дел од избирачките одбори.

-Откако ќе се добие овој список, Општинската изборна комисија ќе може да ги формира избирачките одбори, кои ќе ги спроведат изборите. До Општинската изборна комисија се уште не е пристигната, ниту една кандидатура за градоначалник на Општина Штип, ниту од независни кандидати, ниту од политички партии, изјави Андреева.

Скопје, 20 октомври 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје деновиве ја завршија реконструкцијата на коловозот на улицата „Никола Карев“ на потегот од крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“ до крстосницата со булевар „3-та Македонска бригада“, каде од четирите постојни сообраќајни ленти се направени три со што е обезбеден простор за велосипедистите.

Реконстукцијата, информираат од град Скопје, опфати целосна обнова на асфалтот на улицата, во должина од 510 метри, направена е нивелација на сливниците и атмосферските шахти, како и замена на оштетените рабници, а во тек е целосната репарација на тротоарите.

Back to top button
Close
Close