МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 октомври 2020

19 октомври 2020

Кавадарци, 19 октомври 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе, 18 Октомври, денеска од страна на полицискиот инспектор за превенција Димитар Каракулев,  беше реализирана онлајн-едукација со 25 ученици и наставници од средните училишта од Кавадарци и гимназијата од Неготино, а учествуваа и неколку волонтери од Црвениот крст Кавадарци.
– Ова е првпат ваква онлајн-едукација од страна на МВР, поради состојбата со Ковид-19 во државата, по примерот на предавањата во  образовните институции. Во едукацијата денеска беа вклучени ученици и наставници од двата соседни града Кавадарци и Неготино, рече Каракулев.

Виница, 19 октомври 2020 (МИА) – Амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј денеска беше во работна посета на Општина Виница, при што со градоначалникот Ивица Димитров разговараше за реализацијата на приоритетните инфраструктурни зафати и другите тековни активности на локалната самоуправа.

На средбата беше истакната одличната соработка и поддршката што Виница ја има од британската Амбасада во реализацијата на проекти што се финансирани преку Европската инвестициска банка.

Скопје, 19 октомври 2020 (МИА) – Општина Аеродром објави јавен повик за субвенционирање на трошоците за топол оброк на учениците од основните училишта за учебната 2019/2020 година.

– Со цел да излеземе во пресред на секое семејство од територијата на Општина Аеродром, кое има ученик во дневен престој/целодневна настава во основните училишта и користат топол оброк за време на престојот, ќе бидат исплатени средства во износ од 25 проценти од уплатениот износ за топол оброк за еден месец, но не повеќе од 500 денари, соопштуваат од општината.

 

Back to top button
Close
Close