МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

19 октомври 2020

19 октомври 2020

Куманово – Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода ќе бидат жителите на пет улици и населени места од Куманово, соопштија денеска надлежните од Јавното претпријатие „Водовод“.
Интервенции ќе има на улиците „Никшиќка“ и „Никола Вапцаров“, во приградските населби Черкезе и Иго Тричковиќ, како и во месноста „Османов Рид“.

Струмица – Изминатиот викенд во Амфитеатарот на отворено во Струмица се одигра детската едукативна интерактивна театарска претстава „Зелено ќоше“, која е дел од проектот „Животните на планетата Земја“, финансиски поддржан од Општина Струмица.

Според Јулија Милкова, актерка и претседателка на Здружението „Видливост“, одигрувањето на претставата било планирано порано, но поради пандемијата и чекањето протокол за настани на отворено, премиерата се одиграла подоцна.

 

Back to top button
Close
Close