МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

14:30/1 октомври 2020

14:30/1 октомври 2020

Струмица – Само во Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Вељуса, општина Струмица, денеска почна учебната година со физичко присуство на сите ученици од прво до деветто одделение, додека во останатите основни училишта настава се организира за учениците од прво до трето одделение, а струмичките средношколци ќе имаат онлајн настава, информираше градоначалникот Коста Јаневски.

Кавадарци – Вкупно 1.130 деца посетуваат физичка настава во Кавадарци, во согласност со мерките за заштита од вирусот Ковид-19, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Скопје – Во општина Бутел со почитување на сите пропишани протоколи започна новата учебна година за учениците од прво до трето одделение во сите седум основни училишта. Во новата учебна година запишани се 535 првачиња.

Гевгелија – По шест месеци пауза, во гевгелиските основни училишта денеска почна новата учебна година со поинакви услови поради присуството на коронавирусот, со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение.

Дебар – Во општина Дебар во новата учебна година има педесеттина првачиња повеќе споредено со минатата учебна година, што се случува по неколку години наназад кога редовно имаше помал број првачиња.

Тетово – Почнаа градежни работи на поставување цевковод од филтер станицата до резервоарот со вода во населбата 146 над комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, информираат од општината.  Целта е подобрување на водоснабдувањето во оваа населба која се наоѓа на ридест предел.

Македонска Каменица – Околу педесетина незадоволни родители од Македонска Каменица денес во дворното место на деветолетката „Св.Кирил и Методиј“ го изразија својот револт против како што рекоа одлуката за онлајн настава за своите деца, кои се ученици во општинското основно училиште во Македонска Каменица. Дел од родителите кои протестираа сметаат дека училиштето ги исполнува условите за реализирање настава со физичко присуство на учениците.

Куманово – Советот на Општина Куманово му даде согласност на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ за утврдување на цени за одржување на јавно-прометни површини, односно за хоризонталната сигнализација во Куманово.

Новаци – Основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци, едно од 15-те  централни општински основни училишта кое доби зелено светло за одржување настава со физичко присуство на ученици од прво до петто одделение, денеска ја почна новата учебна година.

Гостивар – Од слобода е лишен вчера 17 годишник од Гостивар поради соменение дека пуштил во оптек фалсификувана банкнота.

Back to top button
Close
Close