МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 септември 2020

25 септември 2020

Дебар– На отворено, поради пандемијата со Ковид-19, во дворот на општинското основно училиште „Саит Најдени“ во Дебар, синоќа почна 19-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Прогласувајќи го за отворен градоначалникот Хекуран Дука на учесниците, гостите и публиката, им посака добредојде и успешни фестивалски денови

Велес – Синоќа околу 20.00 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка.

Како што информира  Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, досега се приведени четири лица.

Тетово – Граѓаните од тетовското Саат маало преку иницијативата „Пубоо“ (Поубаво) задутре, од 10 часот, ќе организираат акција за создавање поубав и похуман јавен простор. Идејата ја образложуваат со тоа што години наназад, луѓето тука живеат во услови на постојана гужва од паркирани возила, голема нечистотија и агресивна урбанизација што го гуши духот на едно од најстарите тетовски маала.

-Иницијативата „Пубоо“го организира првиот во серијата маалски настани, на кој со графити ќе се разубавува трансформаторот на ЕВН во Саат Маало. Група од четворица млади, талентирани и искусни графички дизајнери, се понудија да придонесат со нивното знаење и подготвија идејно решение за изгледот на трансформаторот. Музика, позитивна и креативна атмосфера за похуман и поубав јавен простор, велат од иницијативата.

Велес – Во родниот град на Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржи програмата на 57-те Рацинови средби, која првпат почнува со Меѓународна конференција претпладнево во 10 часот.

Првата сесија во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ е посветена на „Седумдесет и пет години современ македонски јазик, азбука и правопис“. Програмата ќе продолжи со промоција на „Собрани драми“ од Горан Стефановски во издание на „Полица“.

Куманово – Почна истражувачкиот проект на НУ Музеј Куманово „Црковното градителство во Кумановско од периодот меѓу двете свестски војни“ што се спроведува во рамки на програмата за работа на Министерството за култура за годинава, информираа денеска надлежните од установата.
Оттаму појаснуваат дека уметноста во периодот помеѓу двете светски војни воопшто или многу малку е истражена во однос на средновековниот и преродбенскиот период и сметаат дека со теренските истражувања ќе се збогати и расветли развојот на монументалната сакрална архитектура, сликарството и зографскиот занает и на богатото културно наследство на Куманово и Кумановско.

Битола – Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Битола почна со есенско уредување на зелените површини на повеќе локации во градот.

Оттаму информираат дека на улицата „Васко Карангелевски“ се врши целосно обновување на зелените површини кои наскоро ќе добијат нова форма.

Велес – Во Општата болница во Велес синоќа се донесени петмина полициски службеници кои биле нападнати од дрвократци во атарот на селото Степанци. 

Еден од нив имал тешки повреди на главата и по укажаната прва помош, околу 22 часот е итно пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Штип – Штипската Клиничка болница остана со двајца инфектолози за пациентите од целиот источен регион. Проблемот со недостиг на лекари на Инфективното одделение го решава со ротирање на лекари од другите одделенија.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека проблемот се појавил откако еден од инфектолозите заминал на боледување, а Општата болница во Струмица си го врати инфектологот во матичната болница, поради големиот број на новозарзени во овој регион.

 

Back to top button
Close
Close