МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 март 2020

27 март 2020

Кичево, 27 март 2020 (МИА) – Состојбата во Кичево е стабилна, нема регистрирано нарушувања на јавниот ред и мир, собирања на граѓани, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди во периодот од 7 часот на 26 март до 7 часот на 27 март, инфомира Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид, што го покрива подрачјето на Кичево.

Кочани, 27 март 2019 (МИА) – Неформалното здружение на сопствениците на мали трговски дуќани и на микропретпријатија од услужната дејност во Кочани бара директна финансиска поддршка од државниот буџет за да не ја згаснат дејноста поради вонредната состојба со коронавирусот.

Во дописот до Министерството за финансии дуќанџиите бараат бруто платите за месеците март, април и мај да бидат на товар на државата, а Владата привремено да ги замрзне ратите од кредитите и плаќањето на сметките за електрична енергија, вода и другите комунални трошоци.

Велес, 27 март 2020 (МИА) – Во село Мелница во тек се градежните активности кои предвидуваат бетонирање на улица во должина од 400 метри и ширина од 2,5 метри и поставување на заштитна ограда долж каналот кој минува покрај улицата.

За оваа намена, од буџетот на Општина Чашка се одвоени средства во висина од 250 илјади денари, а изведувач на градежните зафати е ЈПКД „Тополка” во соработка со месното население.

Дебар, 27 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски денеска потпиша договор за подгрант за инвестиции во сферата на инфраструктурата поврзана со туризмот.

-Градоначалникот Куртовски и дректорот на Националнот парк „ Маврово“, Самир Ајдини, аплицираа за проектот „Развој на туризмот во мавровската долина“ при што е добиен подгрант во износ од 32.080.623 денари од страна на Владата преку Меѓународната банка за обнова и развој. Ќе се реализира преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) „Локална и регионална конкурентност“, информираа од општината.

Back to top button
Close
Close