МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

21 септември 2020

21 септември 2020

Охрид, 21 септември 2020 (МИА) – „Неправилен ритам“ е насловот на изложбата на дела на академскиот уметник Билјана Билбилоска што од денеска ќе биде поставена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Станува збор за прва самостојна изложба на Билбилоска, на која ќе бидат презентирани нејзини дела изработени во периодот 2019-2020 година, слики во техника акрил на платно и на картон.

Тетово, 21 септември 2020 (МИА) – Вкупно шест лица се повредени, од кои едно девојче потешко, во сообраќајна незгода на три возила што се случи вчера околу 19 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово. Во сообраќајката учествувале „опел корса“ управуван од Б.С (21) од Ново Село, потоа „фолксваген голф“ што го возел Н.Н(59) од Палатица и „бмв“ управувано од М.Д (38) од Тетово, сите со тетовски регистерски ознаки.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило 16 годишно девојче, сопатничка во возилото опел корса. Таа е пренесена во Тетовска клиничка болнница, каде и е укажана прва помош, по што поради сериозните повреди е однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди се здобиле возачите на „опел корса“ и „бмв“, како и вкупно три други сопатнички од тие две возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Гевгелија, 21 септември 2020 (МИА) – Домот на културата од Гевгелија, на платото пред селската црква во Богородица, посветена на Пресвета Богородица, синоќа организираше богата културно забавна програма со која свечено беше одбележан денешниот голем христијански празник Мала Богородица и патронот на селото.

По повод панаѓурот и славењето на рождеството на Дева Марија, беше одржана концертна вечер на чалгиска и традиционална музика и изложба на дваесетина најдрагоцени реплики од икони, фрески и плаштаница од Бигорскиот манастир, по повод 1000 години од неговото постоење.

Македонска Каменица, 21 септември 2020 (МИА) – Во организација на Полициското одделение од општа надлежност и Општината, во Македонска Каменица започна едукативна акција за превенција и спречување на пожари.
Акцијата, како што иформираа организаторите, се реализира во соработка со МЗШВ, Шумска полиција и ТППЕ Македонска Каменица, а нејзина цел е едукација на граѓаните за совесно однесување во шума и отворен простор.
Куманово, 21 септември 2020 (МИА) – НУ Музеј Куманово почна со реализација на проектот  „Ориентални влијанија на поствизантиските цркви во Кумановско, кој е од областа на историјата на уметностa, информираа денеска од НУ Музеј Куманово.
Проектот е поддржан од Министерството за култура за тековната година. Раководител на проектот е Валентина Андреиќ, виш кустос историчар на уметност, а стручен соработник е Славица Крстиќ, кустос советник, историчар на уметност.

Гевгелија, 21 септември 2020 (МИА) – Во кругот на Јавното комунално претпријатие во Гевгелија пристигна мерната станица која во секој момент ќе дава валидни информации за квалитетот на воздухот што го дишат гевгеличани, изјави денеска градоначалникот Сашо Поцков.

Посочи дека наредниве десетина дена треба да биде изградена платформа со ограда на која ќе биде поставена мерната станица на просторот пред детската градинка „Сончогледи“ во Гевгелија.

 

Back to top button
Close
Close