МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 септември 2020

18 септември 2020

Кочани, 18 септември 2020 (МИА) – Општина Кочани денеска упати јавен повик до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките и препораките за лична заштита и спречување ширење на заразата од коронавирусот.

Причина за реакцијата е драстичниот пораст на бројот на позитивни лица во последните неколку денови, со што Кочани стана ново жариште во источниот регион со вкупно 76 заразени.

Гевгелија,18 септември 2020(МИА) – Со поставување бетонска основа и поцинкувана мрежа на неа од страна на комуналните работници, општина Гевгелија го заврши уредувањето на двата детски парка лоцирани кај општинската канцеларија и пред црквата во селото Богородица токму во пресрет на прославата на селскиот панаѓур по повод рождеството на пресвета Богородица.

-Во парковите се поставени нови реквизити и лулашки за деца, обновени се тревниците и цветните садници, поставено е ново осветлување како и фонтани со вода за пиење, а поради близината на детските катчиња беа поставени и лежечки полицијаци заради забавување на сообраќајот, велат од Општината.

 

Back to top button
Close
Close