МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

17 септември 2020

17 септември 2020

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – На постојната зелена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Општина Аеродром, денеска започна редизајнот на третата од вкупно четири локации, што Градот Скопје ги уредува во зелени скверови.

– Ова е третата локација на која Градот Скопје во соработка со Скопје Лаб работи на уредување на запуштените површини што се наоѓаат во различни општини. Целосното преуредување на просторот се очекува да заврши за 30 дена, а ќе се врши врз основа на анкетите коишто се направени со локалното население коешто гравитира кон овие површини.

Гевгелија,17 септември 2020 (МИА) – Зголемениот број заболени од корона вирус во општина Гевгелија во изминативе десетина дена го вклучи алармот во ПЕ на Центарот за јавно здравје од каде велат дека зголемувањето на новоинфицирани лица се должи најмногу на недисциплината на граѓаните и нивно непочитување на пропишаните мерки за лична и колективна заштита.

-Не се носат маски и не се одржува пропишаното растојание поради што очекувам во текот на наредната недела бројот на новозаболени да расте поради брзиот трансфер на вирусот меѓу населението, изјави епидемиологот д-р Сашо Олумчев.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Околу 2.500 граѓани поднеле барања за субевции за инвертери во Скопје. На неколку пунктови тие веќе почнале да ги оставаат своите стари грејни тела, што е услов за исплата на субвенцијата, која треба да почне наредната недела.

-До крајот на минатата недела имаше околу 2.500 апликации за инвертери. Граѓаните веќе започнаа со предавање на старите печки со што се овозможува и формално да започне исплатата за купените инвертери, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – ЈСП ќе продолжи да вози по саботен возен ред затоа што има многу мал број патници кои го користат јавниот градски превоз. Зголемена фрекфенција на патници, вели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, има само во перодите кога се оди на работа и тоа само на одредени линии. Тоа, појснува тој, се решава со зголемување на бројот на автобуси во тој период на денот.

– Возниот ред е саботен заради малиот број патници кои се превезуваат во текот на целиот ден и ги користат услугите на ЈСП. Само на неколку линии има зголемена фрекфенција на граѓаните и тоа само во утринските периоди кога одат на работа кога го зголемуваме бројот на автобуси на дневна основа. Заради пандемијата во одредени периоди имавме и дневна загуба од 55 илјади евра на целокупниот автобуски систем на транспортниот систем на Град Скопје. Во моментов и со вака редуциран возен ред правиме дневна загуба од околу 32 илјади евра. Мора да водиме сметка и за материјалната состојба на ЈСП, но и за Буџетот на Град Скопје, бидејќи од таму се префрлаат средства за загубите на ЈСП, рече Шилегов.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close