МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

27 март 2020

27 март 2020

Прилеп, 27 март 2020 (МИА) – Над 12.000 заштитни маски досега произведоа и поделија прилепските фирми кои неуморно ги изработуваат за заштита на медицинските лица, на вработените во институциите и во фирмите, а и за граѓаните. Истовремено се изработени околу 300 штитници со 3Д технологија и со принтери.

Штитниците пред неколку дена почнаа да ги изработуваат во прилепската фирма „Ипринт“, а им се придружија фирмите „Резонатор“ и „Графика дизајн“ за што побрза изработка на поголеми количества. Преку локалната самоуправа, на Фејсбук е отворен „3Д пункт“.

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Приватното средно училиште „Јахја Кемал” соопшти дека поради коронавирусот Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup – WSC), кој требаше да се одржува овие денови, одложен е за јуни. Училиштето од 4 до 6 јуни третпат ќе биде домаќин на оваа меѓународна тимска академска програма за ученици од повеќе од 65 земји.

Куманово, 27 март 2020 (МИА) – Професори од средното техничко училиште „Наце Буѓони” во Куманово со поддршка на Општината изработуваат опрема за автоматски пунктови за дезинфекција, објави кумановскиот градоначалник.
Опремата ќе биде поставена на дванаесетте влеза и излеза во Куманово. Уредите ќе овозможат автоматска дезинфекција на автомобилите кои влегуваат и излегуваат од градот.

Ресен, 27 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, синоќа оствари посета на ЈЗУ Здравствен дом-Ресен и на дежурните од полициската станица во тој град.

Во ЈЗУ Здравствен дом-Ресен, Гошаревски оствари работна средба со директорката Сања Андоновска која го информира со активностите кои се превземаат и ќе бидат превземени во наредниот период, а се однесуваат на заштитата од вирусот Ковид-19.

Back to top button
Close
Close