МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 март 2020

26 март 2020

Прилеп, 26 март 2020 (МИА) – Во прилепскиот Центар за јавно здравје очекуваат резултати од Институтот за јавно здравје од Скопје од земените брисеви на лица кои биле во контакт со двајцата заболен, сопружниците над 60-годишна возраст од Прилеп.

Центарот информира дека синот на потврдените лица до Ковид-19, се вратил од Србија на 9 март кога во оваа соседна земја имаше само еден потврден случај на коронавирус.

Битола, 26 март 2020 (МИА) – Градоначалникот на Битола Наташа Петровска изврши увид на градежните активности и поставувањето на т.н. дезинфекциони корита за моторните возила кои влегуваат во градот Битола.

Во изјава за јавноста, Петровска порача дека акциите на дезинфекција ќе продолжат, но граѓаните треба уште повеќе да го редуцираат движењето.

Дебар, 25 март 2020 (МИА) – Општината Либражд, каде територијално припаѓа и административната единица Стеблево, област Голо Брдо, населена главно со Македонци, распредели помош за најзагрозените семејства која се состои од храна и лекови.

Помошта што ја доделува Владата, до секој дом ја донесоа вработени во локалната самоуправа со теренско возило поради лошата патна инфраструктура и снегот кој дополнително го отежнува движењето.

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби.

Струмица, 26 март 2020 (МИА) – Сите пазари на мало и големо од сабота ќе бидат затворени, информираат од ЈПКД „Комуналец“ кое стопанисува со нив.

– Ги известуваме сите граѓани дека од сабота, 28 март, сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително Кванташкиот и Сточниот пазар, се затвораат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на Владата и да го почитуваат полицискиот час, стои во информацијата на струмичкото комунално претријатие.

Back to top button
Close
Close