МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

26 март 2020

26 март 2020

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила, PSS (Power Sport System) донираше заштитни маски и средства за дезинфекција за за членовите на Македонскиот полициски синдикат.

МПС соопшти, дека Станица за технички преглед и регистрација на моторни возила PSS е општествено одговорна компанија и уште еднаш ја покажа својата солидарност. Од Синдикатот информираат дека за потребите на МПС продложува процесот на изработка на заштитни маски за лице во Конфекциите ЕАМ од Штип, Кули од Прилеп, Даниел Кристенсен од Кочани, како и Дуки Дасо од Неготино.

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – За еден сантиметар е зголемен водостојот на Дојранското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на Дојранското и Охридското Езеро се повисоки од просекот за март и тоа за 2,88 метри кај Дојранското и за два сантиметра кај Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е за 83 сантиметри пониско од просечното.

 

Back to top button
Close
Close