МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

20 август 2020

20 август 2020

Делчево, 20 август 2020 (МИА) – По зголемениот број случаи на коронавирус во Делчево граѓаните панично и во страв ја примаат секоја информација поврзана со првите позитивни случаи. Ова како што потврдија вработени најмногу се чувствува меѓу вработените во Центарот за социјални работи каде има двајца позитивни случаи на Ковид-19. Останатите вработени кои немаат симптоми и ги следат насоките на епидемиолозите, како што самите изјавија, имаат впечаток дека луѓето ги одбегнуваат, иако како што додаваат нема причина за тоа. Додаваат дека ги следат препораките на епидемиологот и редовно се придржуваат на сите мерки за заштита од вирусот.

Велес, 20 август 2020 (МИА) – Традиционалната Велешка поетска вечер која ја организира Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ под покровителство на Општина Велес, ќе се одржи вечерва во 19 часот во Ликовниот салон во Велес.
Поетската манифестација годинава е дел од програмата на „Велешко културно лето 2020“, а освен велешките учество ќе земат и поети од Струмица,,Скопје, Кочани, Битола и од Прилеп.

Делчево, 20 август 2020 (МИА) – Со низа активности во Општина Делчево започнуваат подготовките за одбележувањето на денот на градот – 7 Септември. По тој повод денеска група волонтери работеа на обнова на дел од урбаната опрема и друг инвентар. Дел од екипата која зеде свое учество се и членовите на Планинарското спортско друштво „Голак“.

 

 

Back to top button
Close
Close