МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 март 2020

25 март 2020

Куманово, 25 март 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб Куманово бара од Министерство за здравство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

Од штабот ја задолжија општината да набави дополнителна заштитана опрема (маски, очила, униформи), средсатва за дезинфекција и опрема за дезинфекција ( пумпи и возила). Маректите да воведат телефонска линија за испорака на прехранбени продукти и доставата да се врши согласно препораките за заштита. Одделението за уво, грло и нос ќе ги прима пациентите само со покачена температура.

Делчево, 25 март 2020 (МИА) – Мобилни екипи составени од вработени во ЕЛС Делчево започнаа со дистрибуција на средствата за заштита собрани од донацијата од Општина Делчево и делчевски фирми.
– Донацијата се состои од маски и дезинфициенси, а таа се распределува до институциите кои во овој период на вонредна состојба се активни и работат на превенција и заштита на населението од појава на заразата од корона вирусот, информираа учесници во акцијата.
Распределувањето како што додадоа ќе се одвива во фази, а денеска со акцијата се опфатени неколку делчевски служби.

Гевгелија, 25 март 2020 (МИА) – Во домашна самоизолација моментно се наоѓаат 250 лица од општина Гевгелија кои изминатиов период се вратиле дома од други земји. Ниту еден од нив, според епидемиологот Сашо Олумчев, нема симптоми на Ковид-19.

– Сите лица кои се во самоизолација, како што самите изјавуваат по телефон, се чувствуваат добро, рече денеска епидемиологот Олумчев, кој потврди дека од вчера во подрачната единица на гевгелискиот Центар за јавно здравје е отворен и пункт за тестирање за сомнителни и позитивни пациенти.

Берово, 25 март 2020 (МИА) – Во Берово во тек е реконструкцијата на улицата „23 Август” во централното градско подрачје. Активностите, како што информираа надлежните, се реализираат во рамките на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици на општина Берово.

Back to top button
Close
Close