МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

18 август 2020

18 август 2020

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информира дека вчера по пријава за повреден планински велосипедист на планината Баба, нивниот тим веднаш со помош на теренско возило се упатил кон местото викано „Антени“, а на повреденото лице му била пружена медицинска помош.

Делчево, 18 август 2020 (МИА) – Обновен трибинскиот простор на игралиштето пред деветолетката „Ванчо Прке“ во Делчево. Со помош на поединци и локални фирми како што информираа од училиштето заменети се искршените пластични седишта кои претходно беа уништени од несовесни граѓани.

Охрид, 18 август 2020 (МИА) – Со пригодна манифестација пред споменикот на Славеј Планина во Општина Дебрца денеска ќе биде одбележана 77-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата.

Куманово, 18 август 2020 (МИА) – Во тек е изградбата на атмосферската канализација на потегот од улицата „11 Октомври“ кон улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, соопштија надлежните од општината од каде додаваат дека сообраќајот се одвива назименично, по претходен утврден сообраќаен режим.

Back to top button
Close
Close