МИА Општински пулПакети

МИА Општински пул

25 јуни 2020

25 јуни 2020

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – И покрај бранот локални поројни врнежи што деновиве ја зафати земјава, нивоата на некои реки и натаму се под просекот за јуни.

Како што покажуваат денешните хидролошки мерења, Треска кај Македонски Брод, Сатеска кај Ботун и Крива Река кај Крива Паланка се преполовени, Црна Река бележи речиси двојно намалување, а значително под просекот е и Струмица кај Ново Село.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) – Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на утре во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од прес-службата на Град Скопје.

Back to top button
Close
Close