
23 февруари 2021
Скопје – Седница на Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (Сала 6/13:00)
Скопје – Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Криволак – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и амбасадорката на САД, Кејт Брнз ќе го посетат армискиот полигон „Криволак“ каде ќе бидат информирани за претстојните активности за реализација на вежбата „Одлучен удар – 21“. (АП Криволак/13:00, изјави за медиуми по брифингот, поаѓање од пред Министерството за одбрана/11:20)
Скопје – Изјава на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска по повод потпишување на грантови за развој на социјални услуги со општините Делчево и Кочани. (Клуб на пратеници/11.00)
Велес – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер, ќе го посетат Прехранбено-технолошкиот центар за развој на иновативни продукти при Технолошко-техничкиот факултет – Велес. (12:00)
Скопје – Национална конференција за претставување на Регионалниот фонд за предизвици на Западен Балкан во Северна Македонија. (Платформа ZOOM/11:30)
Скопје – УНДП ќе одржи прес-конференција на тема „Трансформација на системи“. (х.„Хилтон“/14:30)
Скопје – Комората на сметководители на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред Сојуз на стопански комори на Македонија/10:00)
Скопје – Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред Апелационен суд Скопје/11:30)
Скопје – Советот на Град Скопје ќе ја одржи 64 седница. (11:00)
Скопје – Онлајн презентација на истражување „Потреби на младите на локално ниво: општини Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров” во организација на Здружение на граѓани Младите можат. (11:00)
Скопје – Сопственикот на Еуростандард банката Трифун Костовски ќе одржи прес-конференција. (деловен центар Алуминка, мезанин, Партизански Одреди 70б/12:00)
Скопје – Прес-конференција на Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Собрание на РС, прес-центар/12.00)
Битола – Прес-конференција на Македонско научно друштво. (МНД-Битола/12:00)
Скопје – Рецитал „Фантазија“ на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев. (Филхармонија, камерна сала/20:00)
_________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***