Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

21 октомври 2020

21 октомври 2020

Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/9:30)

Скопје – Седница на Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/14:00)

Скопје – Министерката за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска, ќе се обрати на свеченоста по повод промоцијата на потпоручници и заклетвата на питомци од Воената академија. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“/10:30, пристигнување на медиумите на влезот на касарната „Гоце Делчев“, нас. Аеродром/10:10)

Крива Паланка – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски ќе извршат увид во инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка. (Изјави за медиуми на регионалниот пат Крива Паланка – Луке/10:30, пристигнување на медиумите/10:15)

Скопје – Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши на која покрај министерот ќе се обратат и амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија Рејчел Галовеј, како и шефот на канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.https://us02web.zoom.us/j/86326023400?pwd=REhiSXpBTWtZWVhJMlk2d0EvTmsyZz09, https://youtu.be/RS5nwAYYpik (11:00) 

Кочани – Министерката за образование и наука Мила Царовска во работна посета на училишта во Кочани. (изјави за медиуми во СОУ „Љупчо Сантов”/10:30)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупција ќе одржи тематска прес-конференција во врска со Посебен извештај за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања – Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија–2020 година. (Пред простории на ДКСК/11:30)

Скопје – Втора сесија на Работната група 4 (Правда, слободи и безбедност– Поглавје 24) од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија на тема „Пандемијата и безбедноста. Како понатаму?“. (Онлајн платформа ZOOM/10:00)

Куманово – Прес-конференција на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски за активностите и проектите реализирани во изминатата година по повод тригодишниот мандат како градоначалник на општината. (зграда на поранешните општествено-политички организации-Комитет, голема сала/12:00)

Скопје – Претседателката на Транспаренси Интернешнл-Македонија Слаѓана Тасева онлајн ќе го презентира проектот „Промовирање на заеднички вредности низ Европа”. (11:00)

Скопје – Конференција на тема „Како институциите се справија со одливот на мозоци 2013-2020?“, во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци. (Рагуза Руфтоп 360/12:00, изјави за медиуми/11:45)

Скопје – Националната Асоцијација на пронаоѓачите на Македонија (НАИМ) ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставена иновацијата на новиот вид на заштитна маска за повеќекратна употреба за заштита против Ковид. (ЕУ Инфо центар/12:40)

Валандово – Конференција на тема „Свеста за своето Валандово 2020“ во организација на Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје. (СОУ „Гоце Делчев“, голема сала, ул. „Првомајска“, бб/13:00)

Скопје – Дебата на тема „Слободен пристап до информации од јавен карактер во време на Ковид-19“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. (Платформа ZOOM/10:30)

Прага – Дигитално предавање на Ондреј Свобода – драматург, театролог, архивист, заменик директор на Театарскиот институт во Прага. (https://www.youtube.com/channel/UCdiN20fUtY067-_TWkeJMbQ/videos/20:00)

Скопје – Промоција на романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски во рамки на Фестивалот на европската литература „BookStar“. (Кинотека на Северна Македонија/19:00). 

__________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close