Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

3 април 2020 

3 април 2020 

Куманово – Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја посети Командата за операции во касарната „Боро Менков“. (12:00, изјава за медиуми), по што ќе се упати кон Белановце на северната граница каде ќе ги посети нашите припадници кои се во поддршка на полициските сили за обезбедување на границата.

Скопје – Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ќе прими донација од Влaдата на Република Словенија наменета за заштита на полициските службеници од вирусот Ковид 19. (меѓународен аеродром Скопје, на платформата на стариот дел од аеродомот/11.30, планирана изјава за медиуми) 

Скопје – Прес-конференција на заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ. (Влада на Република Северна Македонија/11:00)

Скопје – Министерот за економија Крешник Бектеши ќе оствари работен состанок со претставници од мелничко-пекарската индустрија во земјата во врска со мерките за увоз и извоз на пченица и брашно. (изјави за медиуми пред Министерството за економија/11:15)

Скопјe – Педесетта редовна и 6-та вонредна седница на Советот на Град Скопје. (ќе се одржат на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје/10:00)

Скопје – Прес-конференција на Здружението на компании за организација, реализација и поддршка на настани, ТВ и филмски продукции во врска со предложените економски мерки за справување со кризата од страна на Владата на Република Северна Македонија. (пред фонтаната во Градски парк/11:00)

 

_________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close