
Скопје, 23 јули 2019
Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала „Македонија“/11:00)
Скопје – Новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Мери Бернс на средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.(Кабинет на претседателот на Собранието/9:30)
Скопје – Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/10:00)
Скопје – Пратеникот во Парламентот на Босна и Херцеговина, Ирфан Ченгич на средба со пратеникот на Собанието на Република Северна Македонија, Зеќир Рaмчиловиќ.(Кабинет321/9:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. (сала 4/10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (сала 10/10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала 10/10:30)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања. (сала 4/10:30)
Скопје – Седници на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 10/10:45)
Скопје – Владата на Република Северна Македонија ќе ја одржи 146. седница. (12:00)
Охрид – Заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов ќе потпишат протокол за соработкиа во областа на борбата против трговијата со луѓе. (премиерска вила/10:30)
Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи тематски брифинг со медиуми во врска со дисперзијата на Центарот за зависници во Кисела Вода. (Министерство за здравство/9:00)
Скопје – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе се сретне со директорите и вработените во детските градинки. (Клуб на пратениците/10:00)
Скопје – Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Центар, Петре Шилегов и Саша Богдановиќ ќе одржат прес-конференција по повод спроведување на акција за ослободување на дрвјата од нестручно извршување на градежни работи. (на крстосницата помеѓу ул .„Орце Николов“ и ул. „Наум Наумовски Борче“ во Дебар Маало/12:30)
Скопје – Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата (НСП). (Простории на НСП, ГТЦ – втори кат/12:00)
Скопје – Во рамки на „Скопско лето 2019“ ќе биде отворена изложбата „Цртеж – експериментален цртеж“. (НЛБ Галерија/20:30)
Скопје – На првото издание на Кино на трева, во склоп на Програмата на настанот „МКЦ за Скопје“ ќе биде прикажан филмот COLD WAR во режија на Pawel Pawlikowski. (парк на МКЦ/21:00)
_________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини**