Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

15 септември 2020

15 септември 2020

Атина – Премиерот Зоран Заев ќе оствари работна посета на Грција каде ќе учествува на конференција во организација на „Економист“ и ќе има средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Република Грција Катерина Сакеларопулу.

Скопје – Прес-конференција на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. (12:15 часот, следење на прес-конференцијата на македонски јазик:  https://youtu.be/DVGM0rqlW_s на албански јазик: https://youtu.be/7s8BImyTXMk)

 

Скопје – Министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со претставници на медиумите. (на отворено во Клубот на пратеници/11:00)

Скопје – Амбасадорката на САД Кејт Брнз и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити во посета на Центарот за логистика на Црвен крст во Момин Поток –Скопје.(14:30)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ќе одржи прес-конференција. (на булевар „ 8 Септември“, кај крстосницата со булевар „Илинден“ во правец кон улица „Скупи“ (од десна страна на паркот/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Општина Карпош Сефан Богоев ќе се обрати на јавната дискусија на тема: „Спорт за сите“, во организација на Општина Карпош и здружението „ТАКТ“. (во дворот на Кинотека, на ул. „Никола Русински“ бр. 1/11:00)

Скопје – Зелениот караван на ЦИВИЛ продолжува во Скопје со инфо штанд во Карпош со можност граѓаните да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“. (пред Сити Мол/12:00)

Скопје –  Тркалезна маса „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“ на вториот ден од литературниот фестивал  „ПРО за Балкан“ – Europe House. (од 13.00 до 14.30 часот, настанот може да се следи во живо на Јутјуб каналот на фестивалот и на Фејсбук страницата)

Скопје – Скопје филм фестивал (СФФ) ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на книжевникот, филмски сценарист и режисер Славко Јаневски со неговиот краткометражен игран филм „Давид, Голијат и петел“. (во летното кино „Мирно лето“/21:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close