Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

8 август 2020

8 август 2020

Карпалак – Делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и државниот секретар во Mинистерството за одбрана, Драган Николиќ ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на загинатите припадници на Армијата кај месноста Карпалак. (9:00)

Прилеп – Заедничка делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Северна Македонија ќе положи цвеќе пред комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп. (12:00)

Скопје – Прес-конференција на Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, во Палата др. Христо Татарчев/11:00)

Скопје –  Изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. (пред Централен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев/11:30)

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Независниот синдикат на полицијата (НСП), Гоце Делчев Тодев. (Главна капија на МВР/12:00)

Скопје – Прес-конференција на неформалното здружение на граѓани „Стоп за грабежот“. (пред Министерството за правда/12:05)
 __________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close
Close