Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

7 јули 2020

7 јули 2020 

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Гази Баба,, Борче Георгиевски ќе извршат увид во работите на детската градинка „Калинка“ во населбата Железара. (ул. Гемиџиска бб/11:20)

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска заедно со генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева и директорот на канцеларијата на Европска банка за обнова и развој, Анди Аранитаси, ќе ја посетат трансформаторската станица Скопје 4, при што ќе извршат увид во тековните активности од проектот „Реконструкција на ТС Скопје 4”. (бул. „Борис Трајковски“, населба Пинтија/10:30, изјави за медиумите 11:00)

Кичево – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја посети касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево. (13:00, предвидени се изјави за медиуми)

Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ја посетат компанијата ДУНА, корисник на ФИТР, а на средбата ќе има и претставници на компанијата ГРИН ИТ, поддржана во рамки на јавниот повик Креатон наменет за решенија за полесно справување со коронакризата. (14:30)

Скопје – Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (Клуб на пратениците, ул. „Метрополит Теодосиј Гологанов“ бр.54/12:00)

Скопје – Промоција на четири изданија за македонскиот јазик. (пред платото на МАНУ/10:30)

Скопје – Прес-конференција на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши на која ќе бидат објавени резултатите од истражувањето на тема „Насилството во училиштата и меѓуетничките односи“, спроведено во девет средни училишта од Скопје, Велес, Виница, Дебар и Гостивар во ноември-декември 2019г. (х. „Порта“/10:30)

Скопје – Онлајн промоција на најновата прозна книга „Парадоксикон“ од Томислав Османли. (паркот пред КИЦ/12:00), а ќе се пренесува и на Фејсбук страницата на КИЦ)
Скопје – Јубилеен концерт на Пламенка Трајковска „LADIES AND GENTLEMEN“. (Факултет за ликовни уметности – Сули ан/20:30)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 

Гостивар/Делчево – Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Гостивар (19:00) и општина Делчево (20:30)

Куманово – Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе даде изјава за медиумите. (пред Младински културен центар – поранешно кино Козјак/12:00)
Пехчево – Изјава на Генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски кај компанијата Дик Фагус. (12:00)

Кочани – Изјава за медиуми на Јагода Шахпаска, носителката на листа во ИЕ 3 од коалицијата „Можеме“. (Трговски центар Кочани/11:30)

Лозово/Свети Николе/Велес – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Лозово (17:00), општина Свети Николе (18:30) и општина Велес (20:30)

– Носителот на ИЕ1 проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“. (пред платото на МАНУ /10:30)

– Трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“, говорници:  д-р Гордана Силјановска Давкова,  Весна Јаневска, Велика Стојкова Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкова, Весна Марковска. (парк на светлината, општина Аеродром/17:00), дискусија со млади (споменик на Гемиџиите, Кеј Димитар Влахов/19:00)

– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски, во посета на Манастирот Св. Никола  во село Љубанци (12:30)

– Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, посета на пазар во Велес (11:00), посета на спомен куќа на Кочо Рацин (12:30), изјава е предвидено да биде дадена изјава за медиуми (14:00). средба со жителите на општина Лозово (17:00), средба со грѓаните на општина Свети Николе локација градски плоштад (18:30) и средба со граѓани на општина Велес (20:30)

– Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски, изјава за медиуми (12:30), средба со жители (кај О.У „Никола Вапцаров“ Струмица/18:30), средба со жителите на с. Банско (19:30), средба со жителите на с. Куклиш (локација пред домот на Културата/20:30), Трибина со Васко Наумовски на тема „Младинска политика и меѓународни интеграции и перспективи“ (21:30)

– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, посета на Шарената Џамија во Тетово, при што е предвидено да биде дадено изјава за медиуми (13:00), средба со бранители во Музејот на Тетово, при што е предвидено да биде дадена изјава (21:00)

Скопје – Прес-конференција на кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери. (плоштад Скендербег/11:00)

Скопје – Прес-конференција на Граѓанско Демократската Унија на која ќе се обрати носителот на листа на ГДУ во ИЕ 2, Енсер Јусуфоски. (во паркот пред седиштето на ГДУ, ул. „Скопска“ 9а -1/2, до дирекција на Охридска банка/12:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close