Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

1 јули 2020 

1 јули 2020 

Скопје – Претседателот на Владата Оливер Спасовски и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ќе извршат увид во работите на училиштето „Браќа Рамиз-Хамид“ во Oпштина Шуто Оризари. (12:30/изјави за медиумите во 12:40)

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски ќе се обрати на почетокот на изградба на нов модерен логистички центар од компанијата „Дени Интернационал“. (Спроти компанијата „Дени Интернационал“, веднаш до автопатот во локалната економска зона „Илинден“/10:00) 

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска ќе изврши увид во тековни активности за реновирање во Драмскиот театар. (Драмски театар, општина Карпош/10:30, изјава за медиуми по извршениот увид)

Охрид – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ги посети припадниците на Армијата во Кампот за обука на вода. (11:00, пристигнување на медиумите  на влезот на Кампот за обука на вода кај „Билјанини извори“/10:45, изјава за медиуми по посетата)

Скопје – Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ќе оствари средба со претставници на Здруженијата за ретки болести. (Градскиот парк – лево од Школка/11:00/Изјави за медиумите/11:30 часот/Инсерти/11:15 часот.

Скопје – Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе одржи прес конференција по повод „Една година МојДДВ со граѓаните. (Двор на Генералната дирекција – Скопје, ул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр1 /10:00)

Скопје – Сојузот на стопански комори на Македонија ќе одржи прес-конференција. (Пред ССК/10:30)

Скопје – Изјава на Фросина Ременски. (Пред зградата на Основното Јавно Обвинителство на Кеј Димитар Влахов/9:15)

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020

Шуто Оризари – Кандидатот за пратеник на СДСМ и носител на листа во ИЕ2, Оливер Спасовски ќе оствари средба со жителите (изјави за јавност, пред општинскиот изборен штаб/ 16:30)

Струга/Берово – Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Струга (19:00) и во Берово (20:30). 

Кривогаштани – Во паркот кај пазарот во Кривогаштани изјава за медиумите ќе даде претседателот на СДСМ, Зоран Заев. (12:00)

Скопје – Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и генералниот секретар на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа ќе дадат изјави за медиумите. (Мала конференциска сала во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“/11.00 часот) 

Пласница/Македонски Брод/Кичево/ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во посета на Пласница (17:00), митинг во Македонски Брод (18:30) и посета на Кичево (20:30).

-Носител на ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во 13:00 часот ќе оствари средба и прошетка преку плоштад Македонија, Камен Мост со кандидатот за пратеник од ИЕ 2 Рашела Мизрахи, каде што е прeдвидено да биде дадена изјава (пред Музеј на Македонската борба/ 13:15 часот)

-Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев на средба со жители на Општина Чашка во 21:00 часот.

-Носител на ИЕ 4, Александар Николоски на средба со жители на Општина Радовиш, Ораовица во 19:30 часот.

– Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, во 11:30 часот во Тетово на средба со Здружение на лица со инвалидитет, локација во близина на ресторан Принц, изјава за медиуми по завршување на настанот во 12:00 часот. Во 19:00 часот е предвидена изјава за медиуми заедно со коалицискиот партнер Фуркан Чако, локација Тетовчанка.

Скопје – Портпаролот на ДУИ Бујар Османи ќе даде изјава за медиумите. (Плоштад Скендербег/11:00)

Скопје – Кандидатот за прв премиер Албанец, Насер Зибери и носителот на листата на Втората изборна единица Арбер Адеми, ќе имаат средба со наставниците во училишниот двор на училиштето „Хасан
Приштина“ во Чаир, во близина  на седиштето на ДУИ, по што ќе следат изјави за медиумите. (12:30)

Гостивар – Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива денеска ќе биде во општина Желино и тоа во населените места Дебрце (16:00), Требош (17:00), Палатица (18:00), Желино (19:00) и Стримница (20:00).

Тетово – Интегра ќе ги претстави кандидатите за ИЕ 6, носителката на листата за ИЕ 6 д-р Виолета Србиноска и ќе ја промовира Платформата. (Два Бреста/19:00)

Скопје – Прес-конференција на политичката платформа Македонски концепт на тема „Екологија и заштита на животна средина“. (Бензинска станица Црна Река – Петрол во Општина Илинден – Марино/10:00)

Тетово – Претседателот на ДПА Мендух Тачи ќе се сретне со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија Клеменс Која. (Седиште на ДПА/10:00)

Скопје – Прес конференцијата на коалицијата „Сега е време“. (плоштад „Скендербег“/12.30)

_____________________________________________________

*МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close