Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

3 јуни 2020 

3 јуни 2020 

Штип – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19 ќе се сретне со претставници на локалниот Кризен штаб во проширен состав. (11:00, изјава за медиумите по средбата/12:00)

Гевгелија – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков, ќе имаат изјави во врска со градежните активности на Браната Конско. (Пред Општинската зграда на Општина Гевгелија/11:30)

Битола – Онлајн дискусија за „Влијанието на пандемијата врз транспортната и комуникациска стратегија на Република Северна Македонија- нови регионални, глобални предизвици и потреби“ во организација на Универзитетот „Свети Климент Охридски„ Битола. (19:00)

Скопје – Прес-конференција на Независниот академски синдикат. (Плато пред Споменикот на непобедените пред зградата на Владата/13:00)

___________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close