Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

29 мај 2020

29 мај 2020

Ранковце – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и шефот на делегацијата на Европската Унија во нашата земја, Самуел Жбогар ќе присуствуваат на почеток на градежните активности на системот за наводнување Славишко Поле, Општина Ранковце. (изјави за медиуми, село Псача/12:00)

Валандово – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, генералната директорка на АД МЕПСО Ева Шуклева и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, во работна посета на трафостаницата во Валандово, каде што се во тек инвестициски активности за нејзина модернизација. (11:00)

Скопје – „Добредојдовте во НАТО“ – американски воени авиони со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во Алијансата. (околу 11:20)

Скопје – Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски за новиот Јавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19. (Влада/11:00

Ресен – Директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски ќе направи увид во градежните работи за реконструкција на спортската сала „Зоран Стојановски“. (12:00)

Скопје – Отворање на новото Одделение за грижа за корисниците на ЈП Комунална хигиена – Скопје, на кое ќе присуствуваат градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски. (Управна зграда на претпријатието, ул. „516“ бр. 10, зад поранешен Скопски саем /12:00)

Скопје – Прес-конференција на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. (Седиште на ДУИ во Чаир-Скопје/12:00)

Скопје – Петто онлајн-предавање на Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“ на тема: „Чекори во процесот на јавното застапување“. (На платформата Zoom / 18:00)

__________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close