Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

22 мај 2020

22 мај 2020

Скопје – Премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче ќе присуствуваат на предавање на донација на неинвазивни респиратори наменети за инфективните одделенија во болниците во државата (двор на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во комплексот клиники „Мајка Тереза“/12:30, предвидени изјави за медиуми)

Штип – Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските сектори Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, заменик министерот за локална смаоуправа Дејан Павлески и градоначалникот на Конче Благој Илиев ќе извршат увид во градежните работи на потпроектот  „Уредување на езеро Мантово“, дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од Владата и Европска Унија, кој се реализира во соработка со канцеларијата на Светска банка. (Влашки колиби во близина на Сончева населба Мантово/12:30, изјави за меидуми/13:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски за третиот пакет економски мерки. (Влада/11:00)

Прилеп – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид во реконструкцијата на државниот пат Градско-Прилеп, делница Раец-Фариш. (Изјави за медиуми/13:00 на еден километар од Раец)

Скопје – Прес-конференција на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) на која ќе бидат презентирани резултатите од јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој. (Медија центар на Влада/12:00)

Скопје – Презентација на клучните наоди од „Студијата за ефектите предизвикани од КОВИД-19 врз туристичко угостителскиот сектор, со препораки за справување со економските ефекти“ организирана во рамки на Проектот на УСАИД  „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, имплементиран од „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија. (Тераса на х.„Холидеј Ин“/10:00)

Скопје – Крводарителска акција во организација на Општина Кисела Вода во соработка со Црвениот крст. (Сала на Советот на Општина Кисела Вода/11:00 до 15:00)

Гостивар – Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари ќе присуствува на промоцијата на реализираните инвестиции во детската градина што се наоѓа на улицата „Беличица“ (11:00), а потоа ќе го означи почетокот на асфалтирањето на улици покрај гробиштата во село Дебреше (13:30).

Скопје – Онлајн претстава „Грев или шприцер“ од Сашко Насев, во режија на Деан Дамјановски во изведба на Драмски театар Скопје. (На Јутјуб каналот на Драмски театар/20:00)

Скопје – Настап на пет актери од Театар комедија на вонредната сцена во дворот на театарот. (Вклучување во живо на Фејсбук на Театар комедија/20:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close