Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

20 мај 2020

20 мај 2020 

Струга – Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко ќе одржат состанок со претставници на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ). (х.„Макпетрол“/11:00, изјави за медиуми/12:00)

Скопје – Министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе направат обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ од главниот влез на кампусот. (13:00)

Велес – Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе извршат увид во санација на свлечиштето на патниот правец Велес-Градско (Цуцка). (12:00)

Скопје – Прес-конференција на министерот за образование и наука Арбер Адеми. (13:00)

Скопје – Прес-конференција на Инспекциски совет. (Влада/14:00)

Скопје – Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски ќе даде изјава.  (Пред објектот каде е лоцирана Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги – Палата Лазар Поп Трајков/12:00)

Скопје – Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе одржат прес-конференција. (Нас.Радишани градинка„11 Октомври“/11:00)

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и командантот на Бригадата на противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски ќе се обратат на одбележувањето на Денот на пожарникарството. (станица на противпожарна бригада во Автокоманда/12:00)

Скопје – Прес-конференција на Синдикатот за угостителство и туризам при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија. (Градски парк кај Школка/11:00)

Скопје – Прес-конференција на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија. (простории на партијата/11:45)

Скопје – Трета онлајн дискусија во организација на УКЛО на тема “Влијанието на новите предизвици од пандемијата врз туризмот и угостителството”. (19:30)

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close
Close